Рубрика: Омнибус
Кратки информации
Автор: Н Н
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 11/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Најстариот цвет на светот;
Интелигентен светлечки пат;
Формирана е МЕПСА - асоцијација на македонски производители на стиропор;
Вакцини испорачани преку е-пошта;
Microsoft ќе го смени Windows Live Messenger со Skype;
Антена во боца?
ФЕИТ повторно прв на меѓународниот студентски натпревар H&S 2012;
Прв соларен авион за две лица;
Оптичкото влакно станува активно?;
Голема ерупција од површината на сонцето;
Чудна структура околу една ѕвезда;
IREP – новиот робот-хирург;
Јаглеродни наноцевки наместо силициум?
Процесори со 48 јадра… да, но дури за 5-10 години;
Електрична енергија од отпадот во домаќинствата;
Идните генерации хард дискови со хелиум наместо воздух;
Денови на енергетска ефикасност во Општина Карпош;
Ултразвукот - контрацепција за мажи?

Интелигентен светлечки пат
Дизајн за "паметен" пат со асфалт кој свети во мракот и дава светлечки индикатори ќе биде поставен во Холандија кон средината на следната година.
Паметниот автопат е дело на Студио Розегарде (Studio Roosegaarde) и на групата за менаџмент на инфраструктури Хејманс (Heijmans), кои за овој проект ја освоија наградата "Најдобар концепт на иднината" на холандските награди за дизајн, а проектот веќе ја надмина фазата на концепт. Студиото веќе разви фотолуминисцентен прав кој ќе ги замени ознаките на патот. Правот се "полни" под дејство на сончевата светлина, што му овозможува да свети по зајдисонце и до десет часа во текот на ноќта. Според еден од дизајнерите во Розегарде, концептот е сличен на бојата што свети во темница, но концептот е далеку поразвиен.
Специјалната боја исто така ќе биде употребена за цртање знаци на површината на патот, на пример, во вид на снегулки кои ќе бидат видливи доколку температурата падне под одредено ниво, при што ќе му укажуваат на возачот дека патот е лизгав. Од Розегарде скромно велат дека технологијата за овој вид обележување на патиштата била достапна веќе неколку години и се употребува за многу други намени, вклучително и за обележување бебешка храна, а студиото само ја одвело да функционира надвор од рамките на кои сме навикнати.
Првите стотина метри од светлечкиот пат со временска индикација ќе има чест да ги добие регионот Брабант кон средината на 2013-та, по што ќе следува одбележување на приоритетните ленти наменети за движење на електрични возила, па следуваат интерактивните светла кои се вклучуваат при поминување на автомобили и, за крај, светла кои ќе се напојуваат од енергијата на ветерот, сè во рамките на наредните пет години.
Идејата не е ограничена само на употреба на "зелени" методи за осветлување на главните патишта, со што тие ќе бидат побезбедни и поефикасни, туку нејзина главна цел е да го поттикне општиот редизајн на патиштата и возилата. Во студиото Розегарде, можноста за врзани автомобили и навигациски системи поврзани со канал за известување за сообраќајниот метеж ја гледаат само како дел од иднината на сообраќајниот менаџмент. Патиштата исто така треба да претрпат промени, станувајќи "интелигентни" и корисни преносници на информациите.
Во Розегарде се надеваат дека нивниот дизајн ќе ги заинтересира американските компании, особено оние на западниот брег, каде што компаниите како Гугл веќе имаат автономни електрични возила кои ги употребуваат за превоз во реонот на нивните кампуси.
Н. Стојановска

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.