Емитер 10-12/2018.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Детектирани се честички кои самите на себе се античестички?;
iPhone 11 со 3D камера од Sony?;
Facebook прави своја криптовалута;
Компактна антена инспирирана од оригами;
Chrome Canvas овозможува цртање во прелистувач;
25-годишен јубилеј на македонската телеграфска група;
Водоотпорни професионални конектори за теренска употреба;
Првиот македонски електричен велосипед што прочистува воздух;
Антарктичките пингвини се болни од луѓето;
Галактички јата со омаж на Џин Роденбери;
РФ транзистор од 1,5kW за опсег од 1,8 до 500 MHz;
Желките во светските мориња преполни со микропластика;
Нов тип ракетен мотор наменет за побрзи космички патувања;
Славниот грамофон Technics SL 1200 повторно со нас!
Првиот македонски електричен велосипед што прочистува воздух
Неодамна пред македонската јавност беше претставен проектот за електричен велосипед со можност за прочистување на воздухот. Проектот ГЕТ (градски еко-транспорт) е дело на група студенти при Машинскиот факултет во Скопје, предводени од професорот Иле Мирчески, а е финансиран од Фондот за иновации на РМ. (Да, еден од ретките проекти коишто се некој вид вистинска иновација.) Приоритетна цел за ГЕТ тимот е “промена на навиките на поединецот со своеволно придонесување во прочистувањето на воздухот”.
Проектот има амбиција да развие целосно нов пристап кон јавниот транспорт, додавајќи му на овој сегмент индивидувална нота – можност за избор на алтернативен начин за движење во градската средина, преку системот од станици со електрични велосипеди.
“Во однос на погодноста, сметаме дека дел од проблемите што луѓето ги имаат со класичен велосипед, електричниот ги отстранува. Потврда за тоа е растечкиот светски тренд за користење електрични велосипеди.” – велат од ГЕТ тимот.
Како дополнителна мотивација за секој совесен граѓанин би се јавила можноста за негово учество во подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот. Имено, секој од велосипедите има вградени филтри за воздух, коишто со движењето на велосипедот го прочистуваат воздухот.
Според тимот, проактивните филтри, коишто можат да се вградат на секој велосипед, прочистуваат до 9 кубни метри воздух со секој изминат километар, наспроти просечните 2 – 3 кубни метри издувни гасови што во секоја минута ги создава еден просечен автомобил. Очекуваме поткрепа на податоците и со конкретни мерења од изработениот прототип.
Како што јавуваат од ГЕТ-тимот, велосипедите би биле опремени со литиум-јонски батерии коишто немаат проблеми во однос температурните варијации, пред сè поради нивната изолација. Во однос на рокот на траење на овие енергетски пакувања, сè уште нема конкретен одговор, што делумно е очекувано ако се има предвид дека проектот е сè уште во фаза на развој на прототип, па како што велат од ГЕТ “има голем број фактори кои влијаат на тој параметар”
Од нас имаме само да дополниме дека со нетрпение ќе ја чекаме можноста за да го свртиме првиот круг со овој електричен велосипед, да ги тестираме неговите можности и да ве известиме за овој настан.
Невенка Стојановска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.