Рубрика: Омнибус
Избор на најголем научен дострел во изминатата година
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 02.12.2018 - 11:15

Како и секоја година во декември, научното списание Science гo избира откритието / достигнувањето коешто ја одбележало изминатата година во науката. Изборот се врши по пат на гласање, каде можат да учестувуваат и сите љубители на науката коишто ги следат најновите научни текови. Гласањето се одвива во неколку фази.

Правата рунда на гласање завршува во среда, а веќе во четврток (6.12.) ќе биде објавен скратен список со финалистите по што следува и втората рунда на гласање.

Оваа година изборот во првата рунда на гласање е сведен на 12 научни достигнувања:

  1. Детекцијата на неутрина коишто потекнуваат од блазар. Детекторот сместен под Јужниот пол успеа да ја регистрира сенишната честичка наречена неутрино чијшто траг беше проследен до најверојатниот извор – далечна сјајна галаксија наречена блазар. Откритието укажува дека блазарите исто така можат да бидат извори на мистериозни ултра високоенергетски космички зраци. Повеќе за оваа тема пишувавме тука.
  2. Траги коишто го откриваат најраниот животински вид. Научниците идентификуваа траги од холестерол, којшто е знак за живот од животинско потекло, поврзани со фосили стари повеќе од половина милијарда години. Откритието покажа дека фосилите коишто припаѓаат на мистериозната класа животни Ediacara, биле едни од првите животни на Земјата.
  3. Мапирање на механизмот за формирање на живо суштество од една клетка. Истражувачите употребија комбинација на повеќе техники, вклучувајќи и секвенционирање на илјадници индувидиални клетки, за да дојдат до деталите за начинот на којшто ткивата и животните во целост се развиваат од една единствена клетка. Научниот пробив на истражувањето се состои во тоа што научниците успеале да ја мапираат судбината на клетките во организмите почнувајќи од рибата-зебра до глувците.
  4. Древните видови на луѓето честопати се вкрстувале продуцирајќи потомство. Анализата на ДНК од парче коска од жена која живеела пред повеќе од 50 000 години покажала дека нејзината мајка била неандерталка додека нејзиниот татко бил денисованец, друга група на архаични луѓе. Откритието е најдиректниот доказ дека овие древни човечки групи меѓусебно се вкрстувале.
  5. Користење на генеалошката ДНК во форензиката. Детективите во САД решија над 20 стари, таканаречени ладни случаи, вклучувајќи го и тој на злогласниот Голден Стејт убиец, со помош на една нова алатка: форензичка генеалогија. Тие ја употребиле јавната ДНК база на податоци за да ги идентификуваат луѓето кои најверојатно имаат роднинска врска со сторителот, бидејќи нивната ДНК ги дели истите карактеристики на ДНК како онаа пронајдена на местото на злосторот.
  6. Разоткривање на скриените клеточни механизми. Оваа година се намножија доказите дека составните делови од клетката кондензираат во мали капки за да извршат критични функции. Меѓу наодите се неочекуваната улога на ваквите капки во транскрипцијата на гените и можноста за растворање на ваквите ‘скаменети’ капки што го блокираат мозокот кај болестите како амиотрофична латерална склероза.
  7. Формирање на досега најдетална мапа на универзумот. Во април оваа година, Европската вселенска агенција ги објави прецизните позиции и движења на една милијарда ѕвезди во Млечниот Пат коишто вселенското летало Гаиа ги мапираше почнувајќи од 2013 година до сега. Податоците веќе даваат увид во формирањето и еволуцијата на нашата галаксијата и нејзините составни делови. Повеќе за ова пишувавме тука и тука
  8. Манипулацијата на гените како лек. Првиот лек заснован на реакција на т.н. “замолчување на ген” односно РНК мешање (РНКи), со којашто се блокира РНК-та што ја носи пораката, оваа година беше одобрен за употреба во САД и во Европа – 20 години по откривањето на методата РНКи. Лекот, наменет за третирање на ретка наследна болест, може да биде прв од многуте слични лекови со таргетирано дејство.
  9. Разоткривање и санкционирање на сексуалните предатори, дискриминацијата и силеџијството во научните кругови. Движењето #MeToo донесе значајни поместувања и во науката. Повеќе институции ги разгледаа долгоприсутните обвинувања насочени кон познати научници во врска со сексуално вознемирување, дискриминација, или силеџијство (булинг), додека Американската национална академија на науките, инженерингот и медицината повика на систематски промени со цел да се спречат ваквите однесувања.
  10. Најдетално мапирање на невронската мрежа кај мали инсекти. Истражувачите искомбинира приближно 21 милион слики од мозокот на овошната мушичка за да добијат збир на податоци што им овозможува на корисниците да видат како секој неврон се поврзува со секој од останатите неврони. Резултатот може да се покаже како моќна алатка за мапирање на нервните кола кај мушичката.
  11. Нова техника за набљудување на органските молекули. Истражувачите развија техника заснована на електронска микроскопија со цел да ја утврдат прецизната форма на малите органски молекули. Новата техника, која е едноставна, брза и работи со микроскопски кристали, најверојатно ќе го забрза откривањето на лекови.
  12. Откриен огромен кратер под мразот на Гренланд. Научниците открија огромен кратер, настанат при ударот на астероид голем колку цела планина, длабоко под ледената кора на Гренланд. Релативно новиот удар на чиешто прецизно датирање сè уште се работи, може да објасни некои од мистериозните климатски промени во минатото. Повеќе за ова пишувавме тука

 

Редакцијата на Science конечниот победник којшто ќе биде изгласан од публиката ќе го открие на 20 декември, заедно со изборот на уредништвото за најголемо откритие/достигување во 2018 година.

Во меѓувреме можете и самите да учествувате во изборот на јавноста тука. Изберете го вашиот фаворит и гласајте.

Клучни зборови:
Детекцијата на неутрина коишто потекнуваат од блазар

Детекцијата на неутрина коишто потекнуваат од блазар

Tраги коишто го откриваат најраниот животински вид

Tраги коишто го откриваат најраниот животински вид

Мапирање на механизмот за формирање на живо суштество од една клетка

Мапирање на механизмот за формирање на живо суштество од една клетка

Древните видови на луѓето честопати се вкрстувале продуцирајќи потомство

Древните видови на луѓето честопати се вкрстувале продуцирајќи потомство

Користење на генеалошката ДНК во форензиката

Користење на генеалошката ДНК во форензиката

Разоткривање на скриените клеточни механизми

Разоткривање на скриените клеточни механизми

Формирање на досега најдетална мапа на универзумот

Формирање на досега најдетална мапа на универзумот

Манипулацијата на гените како лек

Манипулацијата на гените како лек

Разоткривање и санкционирање на сексуалните предатори, дискриминацијата и силеџијството во научните кругови

Разоткривање и санкционирање на сексуалните предатори, дискриминацијата и силеџијството во научните кругови

Најдетално мапирање на невронската мрежа кај мали инсекти

Најдетално мапирање на невронската мрежа кај мали инсекти

Нова техника за набљудување на органските молекули

Нова техника за набљудување на органските молекули

Откриен огромен кратер под мразот на Гренланд

Откриен огромен кратер под мразот на Гренланд