Мисијата на ЕСА Gaia го даде досега најбогатиот каталог на ѕвезди кој вклучува и прецизни мерења на речиси 1,7 милијарди ѕвезди и открива претходно невидени детали од нашата галаксија.
По објавуавњето на долгоочекуваните податоци, добиени при 22-месечното мапирање на небото на повидок се многу нови откритија. Новите податоци вклучуваат позиции, показатели за далечината и движењата на повеќе од една милијарда ѕвезди, заедно со високопрецизни мерења на астероидите во нашиот соларен систем и на ѕвезди што наоѓаат се надвор од Млечниот Пат.
Првичната анализа на овие огромни податоци открива ситни детали за составот на ѕвездените популации во Млечниот Пат и за тоа како се движат ѕвездите, суштински информации при испитувањата врзани за формирањето и еволуцијата на нашиот галактички дом.
Мисијата Gaia беше лансирана во декември 2013 година и започна со работа следната година. Првата објава на податоци, по нешто повеќе од една година набљудувања, беше направена во 2016 година. Таа содржеше податоци за растојанијата и движењата од два милиони ѕвезди.
Новаата објава на податоци, што го опфаќа периодот помеѓу 25 јули 2014 година и 23 мај 2016 година, ги прецизира позициите на речиси 1,7 милијарди ѕвезди. За некои од најсјајните ѕвезди при набљудувањето, нивото на прецизност е еквивалентно на можноста од Земјата да се забележи паричка што лежи на површината на Месечината!
Со овие точни мерења можно е да се оддели паралаксата на ѕвездите, очигледната промена на небото предизвикана револуцијата на Земјата околу Сонцето, од нивните вистински движења низ галаксијата.
Сеопфатниот сет на податоци обезбедува широк спектар на теми за астрономската заедница.
Освен позициите, податоците вклучуваат информации за сјајот на сите набљудувани ѕвезди и мерења на боите на речиси сите од нив, плус информации за тоа како со текот на времето се менува сјајот и бојата на половина милион променливи ѕвезди. Исто така, вклучени се податоци за брзините вдолж линијата на набљудување за седум милиони ѕвезди, површинските температури од околу сто милиони и ефектот на меѓуѕвездената прашина на 87 милиони.
Gaia, исто така, ги набљудува и објектите од нашиот Сончев систем: втората објава на податоци содржи позиции на повеќе од 14 000 познати астероиди, што овозможува прецизно одредување на нивните орбити. Многу поопширен преглед на астероидите ќе биде даден во следните објавa на податоци од Gaia.
Мисијата ги прецизира и позициите на половина милион далечни квазари, светли галаксии напојувани од активноста на супермасивни црни дупки во нивните јадра. Овие извори се користат за дефинирање на референтна рамка за небесните координати на сите објекти во каталогот на Gaia, нешто што рутински се прави со радиобранови, но сега за прв пат податоците се достапни и со оптички бранови должини.
Од проучувањето на новообјавените податоци се очекуваат големи откритија. Првичниот преглед што го спроведе конзорциумот за проучување на податоците за да се потврди квалитетот на каталогот веќе понуди неколку изненадувања - вклучувајќи нови сознанија за еволуцијата на ѕвездите.
Се чини дека мисијата Gaia ги оправда очекувањата.