Уводник

Како што пишувавме во уводниците на последните неколку броеви од ЕМИ­ТЕР, новите состојби и времиња бараа трансформација на списанието во пог­лед на организација на работата, но и на на­чинот на издавање. Поради ова, во пос­ледните 3 години списанието ЕМИ­ТЕР излегуваше исклу­чи­во во електрон­ска форма.


Електроника

“Таурус 20” е едноставен QRP SSB трансивер за 20-метарскиот радиоаматерски опсег (14 MHz), со кој можат да се одржуваат врски од дома, но исто така многу е погоден за мобилна работа, на излет, прошетка во парк, планина, плажа и слично.


Електроника

Универзалните плочки со печа­­тени кола овозможуваат евтина и брза изработка на електронски скло­­пови, главно за едукација, екс­пе­риментирање, прототипови и за поединечни финални уреди. Токму затоа дизајниравме три типа на уни­вер­зални плочки, секоја со раз­лично ниво на сложеност и со одре­дена намена.


Астрономија и астронаутика

Идејата за постоењето на мултиуниверзум веќе поодамна го напушти доменот на научната фантастика и свое место најде во мејнстрим науката. Можноста за постоење на голем број паралелни светови истовремено на ист простор, но со различни физички карактеристики и закони, е тема во научните трудови на повеќе видни космолози.


Научна фантастика

Делата од жанрот на научната фантастика (НФ) вообичаено имаат помалубројна публика, бидеќи најчесто е потребно одредено “предзнаење” за да може да се ужива, а особено – да се цени одредена идеја или решение во делото. Затоа, телевизиските НФ серии претежно се така направени, за да бидат поприемливи за пошироката публика.


Аудио и видеотехника

Видеопроекторите и дигиталниот начин на запишување на аудиовизуелните дела достигнаа голема технолошка револуција во последната деценија. Денеска, класичните проектори коишто проектираат филмски ленти се речиси надвор од употреба, а нивното место полека но сигурно го заземаат видеопроекторите.


Архитектура и градежништво

Трајноста на системите за топлинска изолација на фасади, КСиНТИ (ETICS), во голема мера зависи од правилното проектирање, изборот на систем со европски документ за квалитет ETA (European Technical Approval) и од изведбата со квалификувана стручна екипа, обучена за оваа работа.


Автомобилска техника

Подобар налог за репортажен напис од уредникот на ЕМИТЕР ни во сон не можев да добијам, а камоли на јаве. Згора на тоа, дејството на “настанот” е во Македонија. Бескрајна возбуда и голема љубопитност ме следеа сä до­дека во живо не ја видов македонската реплика на моделот Авантадор на про­чуената италијанска фабрика за мало­сериски суперспортски автомобили Лам­боргини.


Информатика

Интернетот на нештата, или како што му е официјалната кратенка IoT, полека навлезе во секој сегмент од нашите животи. Ако го погледнете само вашиот паметен телефон, сигурно ќе можете да потврдите дека на него имате барем една апликација од овој сегмент којашто редовно ја употребувате, па макар тоа била и апликацијата за мобилно плаќање или за разно разни попусти.


Електроника

Проектиран е систем за автоматизација и контрола на процесот на приготвување ајвар. Системот се состои од софтверски и од хардверски дел. Сигналите добиени преку поставените сензори се носат до развојната плочка Arduino Uno, каде што се обработуваат. За плочката е изработена програма во програмскиот пакет LabVIEW што извршува одлуки за тоа кои акции ќе бидат преземени.


Астрономија и астронаутика

Физичките закони и износи на фундаменталните големини во универзумот како да се многу грижливо нагодени за да поддржуваат живот. Случајна коинциденција или креационизам?


Автомобилска техника

Во претходниот број на Емитер го презентиравме еднонасочниот мотор како една од можностите за погонски мотор кај електричните возила. Овде ќе бидат разгледани уште два типа на електрични мотори: асинхрон со кафезен ротор и синхрон со перманентни магнети.


Информатика

Кажи ми каде живееш и ќе ти кажам кој си ти. Ова е начин да се преформулира старата изрека, бидејќи домот е начин да се изразите себеси. Дали сакате вашата куќа да не е само убава и удобна, туку поинаква, интелигентна и духовита, да можете да го контролирате кој било уред во домот, осветлувањето и да примате пораки, да поразговарате со оние што ве посетуваат, но не на вашиот тросед?


Астрономија и астронаутика

Идејата за мултиуниверзум се поја­вила во 1980 година како обид да се објас­ни чудната точна усогласеност на пара­мет­рите на фундаменталните фи­зич­ки голе­мини: масите на електронот, протонот и неутронот, големината на силата на грави­тацијата, степенот на флуктуациите во дистрибуцијата на ма­те­ри­јата во најра­ниот универзум, ба­ланс­от помеѓу брзата екс­панзија и ко­лап­сот и други физички за­кони.


Медицина

Електронските импланти можат да го урамнотежат срцевиот ритам, да ги смират треморите и да залечат рани, но цената на нивната делотворност е голема. Овие уреди честопати доаѓаат во вид на гломазни справи кои користат батерии, имаат регуларни жици, хируршки се вградуваат, а неретко е потребна и хируршка интервенција за нивна замена. Но, сево ова наскоро можеби ќе биде минато.


Енергетика

Нашата новинарска екипа ја посети акредитираната полнилница за ТНГ (течен нафтен гас) на Макпетрол АД во Миладиновци и направи една мошне интересна репортажа, со којашто ќе ве запознаеме со законски дозволено и безбедно полнење на плински боци со ТНГ за домаќинство.


Енергетика

На 27.7.2006 година во н.м. Кадино, општина Илинден, во употреба беше пуштена првата еколошка и енер­гетски независна куќа, куќата “Вила Марковски”. По безмалку 12 години, повторно имаме повод за средба со г.


Електротехника

Компанијата Еуроимпекс веќе 20 години е генерален увозник на висококвалитетните алати од брендот АЕГ. Со цел да го обележи 120-годишниот во производството на професионални електрични алати од светски ранг, АЕГ ја претстави специјалната ограничена серија на вибрациска дупчалка која доаѓа со алатник – комплет во куфер со прибор.


Астрономија и астронаутика

На 14.III.2018 год. почина Стивен Хокинг (Stephen Hawking), еден од најголемите научни умови на нашето време, кој освен по неговата научна работа во областа на физиката, ќе биде запаметен и по долгогодишната борба со тешката невромоторна болест ALS, која лекарите му ја дијагностицирале на 22-годишна возраст, прогнозирајќи му уште само неколку години живот.


Столарство

Со овој текст ќе се обидеме на едноставен начин да ве охрабриме и да ви покажеме како да изработите плакар според вашите потреби. Воедно, ќе ви покажеме кои се потребните операции за изработка на плакарите, па во иднина ќе можете сами да изработувате плакари со димензии кои вам ви се потребни.


Омнибус

Иако мина подолго време од нашето заедничко дружење со Дедо Мраз, сепак “брадестиот” не нè заборавил. И, како и вообичаено, ја наполнил торбата со интересни подароци за да нè развесели и да нè израдува! Празниците можат да почнат!


Информатика

Како што тоа добро го знаат секој гејмер, графички дизајнер, домашен и професионален “фотошопчија” и видеоманипулатор, на изборот на глувчето не треба да се гледа како на лесна задача. А понудата денес е мошне широка. Па, малку да ги скратиме маките околу вистинскиот избор.


Аудио и видеотехника

Од самото формирање на компа­нијата Metaxas Audio Systems во 1981 година, Костас Метаксас ја разбра­нува светската хај-фај сцена, во поче­токот со бескомпромисно конструи­раните уреди со врвни перформанси, кои на сите тестови во хај-фај списа­ни­јата беа овенчани со највисоки наг­ради.


Електроника

Астабилните мултивибратори можат да се конструираат и со операциски засилувачи, благодарение на нивните карактеристики. Таквата конструкција е полезна, особено за осцилации со ниски фреквенции.


Физика

Една група научници составена од канадски и италијански фи­­зичари успеале да креираат течна светлечка материја (liquid-light), којашто емитува свет­лина за првпат на вооби­чаената собна температура.


Физика

Деновиве на интернет се појавија збунувачки информации во коишто се тврди дека научниците космолози евидентирале млаз настанат од судир на две супермасивни космички тела, млаз кој наводно се движел со брзина дури 4 пати поголема од брзината на светлината и во тој контекст е номиниран и термин “Superluminal motion” (супер-светлинско движење)!


Телекомуникации

Во последните години, во Република Македонија сè повеќе се популарни радиоаматерските портабл активности. Група македонски оператори активно се вклучени во одржувањето радиоврски надвор од своите домови или радиоклубови, за што поволна околност е достапноста на компактни радиоуреди и антени.


Медицина

Мрзеливост – онаа јака сила што нè влече во обратен правец од обврските. Знаете на што мислам... Според научниците, мрзеливоста ни е во гените, така што нема бегање од неа. Добрите вести се тоа што мрзеливоста е знак за продуктивност и интелигенција, па кога ќе почувствувате потреба да прилегнете, слободно направете го тоа, без ронка грижа на совеста. 


Аеронаутика

Неодамна осамна текст со наслов “Летови со батерии” на Блискиот Исток за следните 20 години, кој побуди голем интерес кај познавачите на воздухопловството. Имено, во досегашниот период вообичаено како гориво за мотори на воздухоплови се користеше авиобензин и керозин за млазни мотори. Во списанијата од 50-тите години на минатиот век, се полагаше голема надеж за користењето на атомската енергија.


Омнибус

Детектирани се честички кои самите на себе се античестички?;
iPhone 11 со 3D камера од Sony?;
Facebook прави своја криптовалута;
Компактна антена инспирирана од оригами;
Chrome Canvas овозможува цртање во прелистувач;
25-годишен јубилеј на македонската телеграфска група;
Водоотпорни професионални конектори за теренска употреба;
Првиот македонски електричен велосипед што прочистува воздух;
Антарктичките пингвини се болни од луѓето;
Галактички јата со омаж на Џин Роденбери;
РФ транзистор од 1,5kW за опсег од 1,8 до 500 MHz;
Желките во светските мориња преполни со микропластика;
Нов тип ракетен мотор наменет за побрзи космички патувања;
Славниот грамофон Technics SL 1200 повторно со нас!


Писма
Проблеми со бекапот
Хелиоцентричен систем, рамна земја, језуити и фукоово нишало
“Кралски звучници”
Совет за звучници JAMO S 608
Каде може да се купи материјал за флексибилна ппк