Рубрика: Уводник
ЕМИТЕР повторно со печатено издание
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како што пишувавме во уводниците на последните неколку броеви од ЕМИ­ТЕР, новите состојби и времиња бараа трансформација на списанието во пог­лед на организација на работата, но и на на­чинот на издавање. Поради ова, во пос­ледните 3 години списанието ЕМИ­ТЕР излегуваше исклу­чи­во во електрон­ска форма. При­емот беше добар, но дел од чи­та­тел­ската публика, преку писма, фејс­бук-пораки и директни кон­такти се изјасни дека, сепак, би сакале во рацете да имаат и ‘хард-копија’ од­носно вис­тинско хартиено списание. Со оглед на бројноста на овие гласови, ре­шив­ме да излеземе во пресрет на овие барања. Зна­чи добрите вести се: Печа­тено изда­ние на ЕМИТЕР ќе има.

Веќе од овој број списанието може да се набави во печатена, хартие­на форма. Но, за разлика од претходно, печатеното спи­сание нема да се дистри­бу­ира по тра­фи­ките туку исклучиво по пат на прет­плата. Имено, сите заинтере­сирани чита­тели што ќе сакаат да до­биваат списание во печатена форма, ќе биде потребно да се пријават на нашиот сајт и по пат на прет­плата да го резер­вираат својот пе­чатен примерок. Ова ќе овоз­можи редак­цијата точно да го ис­пла­нира печатениот тираж на списа­ни­ето, ќе нема вратени, непро­дадени при­ме­роци (кои се чист тро­шок), а ќе се намалат и трошоците за дистри­буција. Со тоа ќе се елиминираат дел од трошо­ците кои во последните го­дини имаа значаен удел во загубите и во зас­тојот на Емитер, однос­но списа­нието ќе добие провеќе простор за пона­тамошен развој и опстојување.

Дистрибуција на печатеното издание исклучиво по пат на годишна претплата во светски рамки функционира веќе по­долго време, главно кај специјали­зира­ните спи­санија. На пример, светски поз­натото списание за електроника “Елек­­тор” пре­мина на овој начин на работа уште пред неколку години. При­чините се веќе наве­дените (намалување на трошоците за дис­три­буција, елимини­рање на трошокот за непродадените примероци), но и немож­носта на специ­ја­лизираните списанија да се експони­раат на преполните полици на трафики­те, ниту пак да ги има во сите трафики.

Претплатата на печатеното списа­ние на ЕМИТЕР во моментов опфаќа вкупно 4 броја, со оглед на тоа што спи­са­нието засега ќе излегува квар­тално, односно на секои 3 месеци. Цената на еден печа­тен примерок ќе изнесува 200 де­нари, што значи дека прет­плата за цела година ќе чини 800 де­нари. Сите заинтере­сирани чи­та­тели за пе­чатеното издание веќе можат да ги резер­вираат сво­ите при­ме­­роци од следните 4 броја на Еми­тер преку уплата за годиш­на прет­плата на нашата е-про­давница (тука).

Истовремено нудиме можност за на­бавка на печатено издание и од прет­ходните броеви кои излегоа само како електронски изданија. Резервација на печатени изданија од овие броеви на ЕМИ­ТЕР ќе може да се направи пов­торно преку нашата е-продавница (тука и тука).

Цената од 200 денари по примерок е економска и сметаме дека е наполно оправдана за квалитетот на содржините застапени на најмалку 100 страници, како и за ексклузивитетот што ќе го добијат претплатниците.

Заедно со враќање на печатеното из­да­ние објавуваме и намалување на цените на електронските изданија, кои сега ќе чинат за 50% пониско од печа­тените изда­нија, односно ќе имаат на­вис­тина попу­ларни цени од 50 до 100 денари.

Се надеваме дека овој начин на дос­тапност на печатеното издание (само за претплатници, спонзори и за сора­бот­ници) ќе наиде на разбирање и прием од ваша страна, дека во наредните години ќе про­должите да се дружите со Емитер и на тој начин да ја поддржувате нашата мисија на популаризирање и ширење на научната мисла и техничката култура во нашава држава. Ако се сложувате со ова и сте љубител на хартиено списание, тогаш побрзајте и резервирајте ги след­ните 4 броја на Емитер (+2 гратис), преку уплата за годишна претплата на печат­еното из­дание (или станете спонзор или редовен соработник на Емитер :-)).

Доколку, пак, сте љубител на елект­ронското издание, имате можност за го­диш­на претплата на електронското изда­ние, како најекономична опција. И конеч­но, најдоброто од двата света (Гу­тенберг & интернет) ќе го добиете со комбинирана претплата на печатеното и електронското издание. Посетете ја стра­ницата за Прет­плата на нашата е-продавница (тука) и напра­вете го својот избор.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.