Рубрика: Уводник
100 броеви на ЕМИТЕР
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2006.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По само неколку месеци од одбележувањето на 10-годишното излегување на ЕМИТЕР (август 2005г.) одбележуваме уште еден мал, но значаен јубилеј - 100-ти број на ЕМИТЕР.

По само неколку месеци од одбележувањето на 10-годишното излегување на ЕМИТЕР (август 2005г.) одбележуваме уште еден мал, но значаен јубилеј - 100-ти број на ЕМИТЕР. Но, сега немам намера повторно да кажувам за нашиот "од по маките" ниту да ги повторувам фактите за нашите досегашни успеси. Впрочем, нив накрако ги изложив неодамна, во бројот 7-8/05, во уводникот напишан по повод 10-годишниот роденден на ЕМИТЕР и сето тоа им е добро познато на редовните читатели. Сега само сакам да ја споделам радоста за нашите 100 броеви, да го истакнам нашето уверување дека 200-тиот број ќе го дочекаме со многу поголем обем и квалитет и да најавам скоро проширување на ЕМИТЕР со нови страници, нови теми, изданија и активности. Но, за ова нешто повеќе во следниот број, кога ќе ги презентираме резултатите од анкетата која ја спроведовме минатата есен. Со надеж дека заедно ќе прославуваме уште многу јубилеи, упатувам најдобри желби до сите читатели, соработници и деловни партнери.

Слободан Таневски,

главен уредник

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2006. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.