Рубрика: Телекомуникации
Радиоаматерски портабл активности
Автор: Владимир Ковачески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во последните години, во Република Македонија сè повеќе се популарни радиоаматерските портабл активности. Група македонски оператори активно се вклучени во одржувањето радиоврски надвор од своите домови или радиоклубови, за што поволна околност е достапноста на компактни радиоуреди и антени.

На радиоаматерските фреквентни опсези сè почесто слушаме радиостаници коишто работат од издвоени локации, било тоа да е за време на излет во некој градски парк, за време на летување на плажа покрај море, езеро или река, од чамец, автомобил и други превозни средства.

Овој тренд го следат и многубројни меѓународни радио­аматерски програми меѓу коишто најпопупуларни се оние за активирање од планински врвови, национални паркови, исто­риски тврдини, светилници и плажи. Во изминатите неколку години, и дел од македонските радиоаматери активно се приклучија на повеќето од овие активности.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.