Рубрика: Автомобилска техника
Што прават Емитерџиите: Првата македонска автомобилска реплика
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Подобар налог за репортажен напис од уредникот на ЕМИТЕР ни во сон не можев да добијам, а камоли на јаве. Згора на тоа, дејството на “настанот” е во Македонија. Бескрајна возбуда и голема љубопитност ме следеа сä до­дека во живо не ја видов македонската реплика на моделот Авантадор на про­чуената италијанска фабрика за мало­сериски суперспортски автомобили Лам­боргини. Ова наскоро треба да биде првиот целосно изработен автомобил во Македонија, што самото по себе пока­жу­ва дека не се работи за “обичен” настан во Македонија туку за настан од прв ред. Имав среќа да ја почувствувам работната атмосфера во ателјето на академскиот вајар Анто Антовски во Скопје. Импре­сии­те за овој несекојдневен и толку мно­гу посакуван настан на овие простори ќе можете да ги прочитате во написот што следува.

Пријатно бев изненаден кога уред­ник­от на ЕМИТЕР ме извести дека во Скопје, во некое ателје се прави вис­тинска реп­лика на автомобилот Лам­боргини Аванта­дор. Од она што го видов, се воодушевив. А видов една успешна реплика на Ламбор­гини во смалена вер­зија за околу 27,5%, која прекрасно из­гле­даше и ми влеа надеж дека овој те­жок и захтевен проект ќе ја види светли­ната на денот на севкупно задоволство. За тоа како се изработува реплика, од што е направена, од каде се позајмени елементите на долниот построј и на уште многу други прашања и одговори ќе се осврнам во овој напис.

Клучни зборови:
Изглед на предниот дел од автомобилот со монтирано ветробранско стакло

Изглед на предниот дел од автомобилот со монтирано ветробранско стакло

Изглед на задниот дел од автомобилот – импресивно

Изглед на задниот дел од автомобилот – импресивно

Анто Антовски до неговото дело

Анто Антовски до неговото дело

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.