Рубрика: Електроника
Универзални плочки со печатени кола од ЕМИТЕР
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Универзалните плочки со печа­­тени кола овозможуваат евтина и брза изработка на електронски скло­­пови, главно за едукација, екс­пе­риментирање, прототипови и за поединечни финални уреди. Токму затоа дизајниравме три типа на уни­вер­зални плочки, секоја со раз­лично ниво на сложеност и со одре­дена намена. Во текстот кој следу­ва, прво е дадена кратка теорија за универзалните печатени плочки, нивните видови, предности и недо­с­та­тоци, а потоа се презентирани нашите три универзални плочки и нивната намена.

Универзалните плочки со печатени кола (ППК) се состојат од повеќе лемни точки (падови) и бакарни ленти распо­редени по одреден редослед на плоч­ката, овозможувајќи му на електро­ни­чарот на неа да склопува различни елек­тронски кола. За разлика од експери­менталните плочки за спојување на елек­тронски кола без лемење (прото-плочка, протоборд, англ. – protoboard, breadboard), кај универзалните ППК ко­лото се составува со лемење на еле­ментите и соодветни спроводници за спојување, т.е. џампери (jumper – спојка, мост). Според ова, универзалните ППК, според намената се наоѓаат на средина помеѓу протобордот и посебно дизајни­раната ППК за некое коло. Имено, про­тобордот е добар за изведување едука­тивни вежби од електрониката и за екс­периментирање при развој на некое елек­тронско коло, но сериозен недос­таток на протобордот е несигурноста на споевите, која може да настане од прет­ходна употреба на елементи со подебели изводи. Од друга страна, специјално дизајнираните ППК се идеални за трајни решенија при изработка на електронски кола, особено при нивно сериско произ­водство, но нерационално е да се дизај­ни­ра и да се изработува посебна ППК само за да се направи еден или неколку примероци од дадениот уред. Токму овој меѓупростор е идеалното поле за при­мена на универзалните печатени плочки:

• За изведување едукативни вежби во училиштата, на факултетите и на разни семинари и курсеви, каде што од една страна се развива способноста на кандидатот да испланира монтажна шема, а од друга страна, со лемењето се обезбедуваат сигурни споеви за работа на колото (се елиминираат дилемите дали колото не работи заради грешка во шемата или монтажата или заради лоши контакти на протобордот);

• За експериментирање при развој на некое електронско коло од страна на електроничар-конструктор, пов­торно со елиминирана можност за проблеми од разлабавените кон­так­ти на протобордот;

• За финална изработка на некој електронски склоп кој треба да се изработи брзо, и тоа во еден или во неколку примероци, па затоа е не­рационално да се трошат време и пари за дизајн и изработка на посебна ППК.

******

Подолг период во Емитер имавме план да издизајнираме и да произведуваме неколку типови на универзални ППК, но многуте ангажмани и тековните проблеми во и околу Емитер нè спречија тоа да го реализираме порано. Пред неколку години дојде нов импулс, во форма на барање за универзални плочки за потребите на практичната настава во новото елек­тро­техничко училиште СОСУ “Илинден” во о. Илинден. Од­лучивме, за почеток, тоа да бидат 3 верзии на универзални плочки, секоја со одредна намена. Секоја од нив во текот на 4 години помина низ повеќе дизајнирања, редизајнирања и практична примена за сега да можеме да ги прикажеме нивните конечни верзии, кои сметам, дека нудат најмногу можности. Идејата ни е овие универзални ППК да послужат како евтино, брзо и едноставно решение за неколку основни намени:

• Изработка на голем дел од практичните вежби во елек­тро­техничките училишта,

• Изработка на поедноставните електронски конструкции кои се објавени и ќе се објавуваат во Емитер и

• Изработка на поедноставни електронски конструкции по сопствена шема и замисла на секој електроничар.

Се надевам дека со овие универзални плочки значително ќе се олесни работењето и ќе се зголеми активноста на повеќе субјекти од сферата на електрониката – професорите и учениците од електротехничките училишта, професорите и студентите од електротехничките факултети, соработниците и читателите на Емитер и на сите електроничари во Маке­донија, било да се хобисти или професионалци. За таа цел, наведените универзални плочки ќе бидат достапни за набавка како од нашата електронска продавница, така и од продав­ниците за електронски материјали. Исто така, од веб-порталот на Емитер, од страницата за овој напис, секој заинтересиран електроничар ќе може да ги преземе цртежите на овие плочки на кои потоа ќе може да ги планира и да ги црта своите монтажни шеми. Во таа насока, добредојдени се и вашите коментари за овие универзални плочки, но и предлози за некои нови кои би можеле да ги понудиме во иднина.

Ви посакувам пријатна работа и многу успешни елек­тронски конструкции! 

За нарачки посетете ја нашата е-продавница во менито Печатени плочки.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППКУНИ1
Печатена плочка: ППКУНИ2
Печатена плочка: ППКУНИ3
Печатена плочка: ППКУНИ1а
Печатена плочка: ППКУНИ1б
Печатена плочка: ППКУНИ2а
 
Клучни зборови:
Начин на изработка на електронските склопови на перфорирана плочка

Начин на изработка на електронските склопови на перфорирана плочка

Начин на изработка на електронските склопови на stripboard

Начин на изработка на електронските склопови на stripboard

Изглед на EMITER PPKUNI1

Изглед на EMITER PPKUNI1

Изглед на EMITER PPKUNI2

Изглед на EMITER PPKUNI2

Изглед на EMITER PPKUNI3

Изглед на EMITER PPKUNI3

Дизајнот на ППКУни1 (поглед од горе) како основа за цртање монтажни шеми

Дизајнот на ППКУни1 (поглед од горе) како основа за цртање монтажни шеми

Дизајнот на ППКУни2 (поглед од горе) како основа за цртање монтажни шеми

Дизајнот на ППКУни2 (поглед од горе) како основа за цртање монтажни шеми

Дизајнот на ППКУни3 (поглед од горе) како основа за цртање монтажни шеми

Дизајнот на ППКУни3 (поглед од горе) како основа за цртање монтажни шеми

Пример за монтажна шема на ППКУни1 - трепкач со транзистори

Пример за монтажна шема на ППКУни1 - трепкач со транзистори

Пример за монтажна шема на ППКУни1 - транзисторски предзасилувач

Пример за монтажна шема на ППКУни1 - транзисторски предзасилувач

Пример за монтажна шема на ППКУни2 - DC конвертор од Емитер 2_2012

Пример за монтажна шема на ППКУни2 - DC конвертор од Емитер 2_2012

Дизајнот на ППКУни1а - првата верзија на ППКУни1

Дизајнот на ППКУни1а - првата верзија на ППКУни1 

Дизајнот на ППКУни1б - втората верзија на ППКУни1

Дизајнот на ППКУни1б - втората верзија на ППКУни1 

Дизајнот на првата верзија на ППКУни2

Дизајнот на првата верзија на ППКУни2 


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.