Рубрика: Архитектура и градежништво
Топлинска изолација на надворешни фасадни ѕидови (3)
Автор: Петар Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10-12/2018.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Трајноста на системите за топлинска изолација на фасади, КСиНТИ (ETICS), во голема мера зависи од правилното проектирање, изборот на систем со европски документ за квалитет ETA (European Technical Approval) и од изведбата со квалификувана стручна екипа, обучена за оваа работа. Но, и покрај тоа, можни се несакани последици доколку не се познаваат, пред сè, физичките случувања во системот, особено од аспект на дифузија на водената пареа. Потребна е пародифузна пресметка со точни влезни податоци за употребените компоненти во составот на КСиНТИ, како и да се земат предвид надворешните и внатрешните климатски и микроклиматски услови. Пресметката треба да даде гаранција дека нема да се случи кондензација во некој од слоевите или ако веќе се случи, тогаш да се докаже дека кондензираната влага во летниот период ќе се исуши и нема да предизвика штета. Ова особено е значајно за завршните фасадни слоеви, кои ако имаат висок фактор на дифузија на водена пареа, во зима нема да дозволат водената пареа лесно да излезе надвор, што ќе резултира со кондензација, мрзнење и деструкција на фасадата, во функционален и естетски поглед.

Клучни зборови:
Лево – сегмент на ѕид со КСиНТИ врз основа на стиропор и десно – дијаграм на пародифузија низ сегмент на ѕид со КСиНТИ врз основа на стиропор

Лево – сегмент на ѕид со КСиНТИ врз основа на стиропор и
Десно – дијаграм на пародифузија низ сегмент на ѕид со КСиНТИ врз основа на стиропор

Оштетени фасади поради висок фактор на отпор на дифизија, µ

Оштетени фасади поради висок фактор на отпор на дифизија, µ

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.