Емитер 4-6/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога станува збор за противпожарна заштита на зградите со топлински изолирани фасадни ѕидови, (не)отпорноста на пожар на ѕидовите зависи од повеќе фактори: од системот на ѕидната конструкција и од топлинската изолација (вентилирана, контактна), од класата на горливоста и однесувањето на високи температури на употребениот изолациски материјал, но, пред сè, и од начинот на којшто изолацијата е вградена во системот.
Во европската и во македонската регулатива, пропишани се строги критериуми за противпожарна заштита на згради, односно барања градежните работи да бидат проектирани и изведени на таков начин што во случај на пожар:
• за одреден период на време ќе се зачува носивоста на носечката конструкција;
• ограничено е настанувањето и ширењето на оган и чад во објектот;
• ограничено е ширењето кон соседните објекти;
• лицата кои престојуваат во објектот можат да го напуштат или да бидат спасени на друг начин;
• земена е предвид безбедноста на спасувачките тимови.
За жал, во моментот кај нас не постои подзаконска регулатива – на пример “Правилник за заштита од пожар...” во којшто овие општи барања детално би биле формулирани.
Во минатиот број на ЕМИТЕР (јануари – март 2019) го опишавме словенечкиот фасаден систем ДЕМИТ®, кој пред повеќе од 40 години, по успешен експеримент за тестирање на отпорност на пожар, доби атест за противпожарна сигурност, благодарение на употребата на не’рѓосувачки челични анкери со метални розетни (слика 3) кои не се монтираат врз стиропорните плочи, туку во средина на армираниот малтер кој се нанесува врз стиропорните плочи. За разлика од оваа технологија, денес се употребуваат пластични анкери кои се монтираат директно врз стиропорните плочи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.