Најновата мисловна провокација на тема архитектура доаѓа од Менхетен. Предложениот проект, кој засега постои само на ниво на концепт, претставува облакодер во вид на непрекинат лак, којшто доминира над сите други, не во висина, ами во должина.
Што ако облакодерите се споредуваа и мереа не според нивната висина туку според, да речеме, нивната должина? Токму ваков е предизвикот со којшто се зафатија архитектите на Oiio Studio од Њујорк. Нивниот предлог за архитектонско уредување во зоната Мидтаун Менхетн во Њујорк, кадешто речиси секојдневно “никнат” сè повисоки и сè потенки згради.
Амбициозниот концепт, наречен Свиок (The Bend), тешко дека ќе ја види светлината на денот, но сепак плени со елеганцијата и концептот. Градбата се развива како своевиден лак долг 1,2 km, од приземје па сè до... другото приземје.
Градбата, којашто навидум им се спротивставува на законите на гравитацијата, беше дизајнирана да се издигне во таканаречениот “ред на милијардерите“, јужно од Централ Парк, каде се предлага да најде свое место помеѓу некои од најскапите и најконтроверзни супертенки и високи згради коишто се веќе изградени или, пак, се во изградба. Едно овие зданија, со висина од 438 метри во коишто се сместени 82 ката, коешто никна во 2018 година е “чедо” на архитектите од SHоP Architects. Некаде во близина е и 426 метри високата супертенка зграда на Рафаел Вињоли, завршена во 2015 година.
Сатиричните слики што го придружуваат проектот даваат некои индикации за неговата “изводливост“, но и за инспирацијата при развојот на концептот. Па така, на една од придружните илустрации за промоција на концептот, еден костумосан господин, милионер опкружен со купови банкноти и монети, посегнува кон цилиндарот сместен во “фантомскиот” горен кат на “заоблениот“ облакодер, опкружен со огромни тенди што го штитат од сјајот на сонцето.
За крај, подолу на една од илустрациите, може да видите како концептот на “Големиот Свиок” (“The Big Bend”) евентуално би се вклопил во скајлајнот на Њујорк, се рабира, доколку некогаш биде одобрен и прифатен.