Астрономија и астронаутика
Едвин Баз Олдрин на Месечината фотографиран од Армстронг со Hasselblad фотоапарат на 70-милиметарски филм

Оваа година се одбележува половина век од еден од најголемите човечки потфати, стапнувањето на човекот на нашиот природен сателит, Месечината. За ова е зборувано многу од многу агли, но оваа приказна ќе ја отпочнеме од самиот почеток, од самото раѓање на Месечината.


Астрономија и астронаутика

Наместо со восхит да го слават златниот јубилеј – 50 години од спуштањето на првите луѓе на Месечината, некои луѓе ја засилија fake-news пропагандата дека NASA го лажирала тоа.


Електроника

Комерцијалните софтвери за продукција и обработка на музика вообичаено се потпираат на хардверски интерфејс кој треба да овозможи мост помеѓу компјутерот каде што се генерира таа музика и опремата којашто служи за репродукција на музиката. Во овој напис е прикажан проект за еден таков хардверски интерфејс, кој е изработен со помош на популарната развојна плочка Ардуино Уно.


Телекомуникации

На прагот сме на вистинска дигитална револуција којашто ќе ја овозможат новите електронски комуникациски мрежи од 5-тата генерација. Освен што ќе го смени начинот на којшто комуницираме, овој нов технолошки стандард ќе го смени и начинот на кој живееме. Но, истовремено со развојот и имплементацијата на 5Г технологијата ширум светот се шири и страв од евентуални штетни  последици по здравјето.


Информатика

Повремено се потсетуваме на големите достигнувања на човекот во разни области од технологијата и природните науки. Едно значајно достигнување на коешто се потсетуваме овие денови е јубилејната педесетгодишнина од стапнувањето на човекот на Месечината.


Макетарство и моделарство

Се навршуваат 50 години (од 20 јули 1969 година, до 20 јули 2019 година) од историскиот успех на човекот кој со својот мал чекор по површината на друго небеско тело, оствари огромен скок за човеш­твото во насока на освојување на Сончевиот систем!


Колумна

Иако државава се декларира дека дава активна поддршка на сите иницијативи поврзани со раз­војот на обновливите извори на енергија, според најновата законска регулатива, фактичката состојба во моментов е сосема спротивна - се фаворизираат големите фирми, а малите фирми и домаќинствата практично се спречени да произведуваат струја од фотонапонски системи.


Научна фантастика

Кога ќе се погледне делото на Исак Асимов, авторот на можеби најзначајните романи во историјата на научната фантастика, неговите оригинални и далекусежни идеи (особено од аспект на тоа колку одамна биле напишани), неговиот прекрасен стил на пишување, неговиот речиси бескраен опус на книги што меѓусебно се поврзани најмалку на квантно ниво, човек може само да се запраша дали случајно станува збор за некој вонзе


Медицина

Неспорно е дека недостаток на секој витамин, па и на витаминот Д, предизвикува штетни последици по организмот на човекот. Но, дали воопшто постои изразен недостаток на витаминот Д кај човековата популација? И ако постои, колкава е таа опасност и дали може тоа некако да се поправи и спречи?


Електроника

Нашите домови и канцеларии секојдневно се мета на различни криминалци и провалници. Криминалците и провалниците ги избираат незаштитените места. Поради тоа се јавува потреба од употреба на алармни системи, со кои би се обезбедила дојава и сигнализација за обид за провала или кражба во објектот каде што е поставен алармот. На пазарот постојат најразлични аларми и алармни системи за заштита од провала и кражба.


Аудио и видеотехника

Дали дигитализацијата ги уништува аналогните сигнали, односно дали при процесот на дигитализацијата, аналогните сигнали губат од својот квалитет или содржина? Сепак, идеалниот оригинален облик на сигналот не може да се задржи откако тој ќе помине низ системите за пренос.


Аудио и видеотехника

Комерцијалните софтвери за продукција и обработка на музика вообичаено се потпираат на хардверски интерфејс кој треба да овозможи мост помеѓу компјутерот каде што се генерира таа музика и опремата што служи за репродукција на музиката. Тоа не било отсекогаш така. Музиката не започнува со техното, всушност изминат е долг пат за да стигнеме до начинот на којшто денес се произведуваат аудиозаписите.


Информатика

Во споредба со состојбата од пред само неколку децении, современиот Шерлок Холмс денес на располагање има многу поширока палета докази. И многу повеќе главоболки за да ги раздвои вистин­ските од лажните докази. Во дигиталниот свет на пиши/бриши податоци, потребно е многу умешност и знаење за да може да се употреби славната сентенција на Шерлок Холмс (т.е.


Аеронаутика

Денеска, речиси и да нема човек кој барем еднаш во животот не летал со млазен авион. Овие извонредни летала, по неполни дваесетина години откако се појавија целосно ги истиснаа од небото воените и патничките авиони со погонска група “клипен мотор СВС – пропелер”, предизвикувајќи на тој начин најголема револуција, не само во транспортот, туку и на начинот на животот на Земјата.


Астрономија и астронаутика

Класичната теорија за создавањето на планетите е добро позната – планетите се формираат од материјалот околу ѕвездата и си продолжуваат да орбитираат околу неа. Можни се судири меѓу нив, особено во почетните периоди на еволуцијата на планетарниот систем, што секако влијае на вкупниот број планети во системот подоцна.


Архитектура и градежништво

Кога станува збор за противпожарна заштита на зградите со топлински изолирани фасадни ѕидови, (не)отпорноста на пожар на ѕидовите зависи од повеќе фактори: од системот на ѕидната кон­струк­ција и од топлинската изолација (вентилирана, контактна), од класата на горливоста и однесува­њето на високи температури на употребениот изолациски материјал, но, пред сè, и од начинот на којшто изолацијата е вградена во сис


Фототехника

Камерите без визир наменети за широка потрошувачка се во константна борба со камерите на паметните телефони од висока класа и си го бараат своето “место под сонцето” преку развивање погодности кои го комбинираат наученото од паметните телефони со оптиката и техниките на фотографирање од историјата. Fujifilm X-A3 е фотокамера којашто комплетно е ориентирана кон потрошувачите што сакаат да изгледаат различно и п


Информатика

Прашањето што е вистината, во последно време не е само филозофско и мета­физички теоретско. Со напредокот на компјутерската технологија, обичниот човек тешко може да разликува лажна, фабрикувана видеоснимка од вистинита и реална. Први на удар на ваквите лажни видеа се личностите од јавниот живот, актерите и политичарите. Но тоа сигурно нема да запре таму.


Електроника

Често се јавува потреба од сигнализација на појава на влага, дожд или вода во некој простор. За таа цел може да се употреби едноставен релаксациски осцилатор со два транзистори кој ќе биде прикажан во овој напис.


Автомобилска техника

Ситроеновата Дијана во 2017 година прослави сребрен јубилеј. Интересен модел којшто секако, како и останатите модели од овој производител, никого не остава рамнодушен. Лансиран како одговор за сувереното владеење на Рено 4 на пазарот на автомобили наменет за пониската класа од општеството, иако со задоцнување, сепак остави трага во тој сегмент од пазарот.


Електроника

Во најново време сè повеќе се актуализира трендот возилата да се опремуваат со детектор за растојание уште при нивната фабрикација, како превентивна мерка, особено корисна при возење во “рикверц” кога просторната прегледност кон назад е мала – на пример, при паркирање на возилото било во сопствената или во некоја од градските катни гаражи.


Информатика

Веќе секојдневно се среќаваме со поимот паметен дом. Понудите се најразлични, но колку од нив нудат навистина паметен и сигурен дом?


Информатика

До пред само некоја година, софтверот за “стареење” (или “подмладување”), на лицето можевме да го гледаме во акција само во некои футуристички филмови и ТВ-серии. Брзиот развој на науката и технологијата, особено во компјутерската технологија и софтверот, овозможија довчерашната фантазија да биде достапна секому, ако на личниот смартфон ја инсталирате апликацијата FaceApp.


Омнибус

Квантна физика во звучните бранови;

Пристигнува паметен ранец на којшто може да се игра Тетрис;

Хокинговата радијација – лабораториски докажана!;


Писма
Појаснувања за модификацијата на звучникот CAV DP265
Билиони?