Емитер 4-6/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Кога ќе се погледне делото на Исак Асимов, авторот на можеби најзначајните романи во историјата на научната фантастика, неговите оригинални и далекусежни идеи (особено од аспект на тоа колку одамна биле напишани), неговиот прекрасен стил на пишување, неговиот речиси бескраен опус на книги што меѓусебно се поврзани најмалку на квантно ниво, човек може само да се запраша дали случајно станува збор за некој вонземјанин во човечко тело?! Што да се одбере за почетно претставување на овој автор? Тешко прашање, но еве, да започнеме со трилогијата Задужбина.
Текстовите за култните СФ класици сакам секогаш, кога и ако е можно, да ги поврзам со филм или серија затоа што многумина од новата генерација повеќе сакаат да се информираат или да навлезат во готов прозивод одошто да употребат ментални центри кои создаваат слики, атмосфера и динамика единствена за секој читател.
Прво за насловот и зацелата семантика. Foundation е насловот на основата на книгите. Задужбина (Фондација, Основа, Темел,) значењето на овој збор има малку поинаква конотација денес. Јас ја разбирав како основа и темел за едно сестрано и сеопшто делување во одредена сфера, а според книгата, имаше “религиозно” – космички пропорции. Кога како помлад првпат ја прочитав, а бев “нерд” да ја започнам на екскурзија и наместо времето да ги поминам во традиционалните забави заглавував и уживав во првата книга, цела недела, бев зашеметен (се фемкам, имав многу некоректни журки). Асимов просто ‘лепи’, не се испушта од рака, балансиран опис и дијалог со тези кои просто пленат. Сепак, одличен познавач на физиката и теоретичар и со стил како романите на Конан Дојл за Шерлок Холмс, мистерија, игра во игра, повеќеслојност, непредвидливост со спектакуларни завршници.
Рубриката “Научна фантастика” е замислена како простор за осврти на дела од жанрот на научната фантастика (книги, филмови ТВ серии...), за есеи за научната фантастика, но и за објавување на кратки НФ раскази од странски и домашни автори. Рубриката е отворена за предлози, но и за понуди за соработка од сите кои се чувствуваат подготвени да пишуваат и да ги споделат своите дела, знаења и размислувања за научната фантастика.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4-6/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.