Емитер 1-6/2021.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Речиси секое дело во научната фантастика може да се смести во две, три, па и повеќе теми. Ова се должи на тоа што нема изолирани појави, па кога ќе се спомене една неизбежно е да се спомене и друга тема. Токму затоа секоја дискусија за темите е мошне неблагодарна работа. Сепак, во глобала тематиката во научната фантастика може да се подели во две основни групи – екстровертна и интровертна – кои понатаму се расчленуваат на соодветни подгрупи. Во овој напис ги разгледуваме есктровертните теми во СФ-от.
Кога се дискутира за теми во научната фантастика, главниот проблем е што речиси секое дело може да се смести во две, три или повеќе теми. Ова произлегува од фактот што нема изолирани појави, па кога ќе се спомене една тема, неизбежно е да се спомене и друга тема. Другиот проблем што се јавува е што не може да се каже за кое било литературно дело дека е специјално создадено за презентација на одредено прашање, бидејќи таквата карактеризација на делото може да нè наведе на помислата дека уметничкото дело е добра амбалажа за некоја содржина. Уште руските формалисти се побуниле против поделбата на делото на содржина и форма, бидејќи тоа е практично невозможно.
Постојат многу различни теми во научната фантастика, но сите тие во суштина зборуваат за некаква форма на различност. Врз основа на тоа, тематиката како област за теоретско истражување на научната фантастика може да се подели во две основни групи и секоја со две подгрупи. Првата група се екстровертни теми со подгрупите „други времиња” и „други светови”, а втората група е интровертни теми со подгрупите „други суштества” и „други состојби на свеста”.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1-6/2021. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.