Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Научната фантастика може да се смета за најмлад, но и најстар книжевен жанр во зависност од точката на гледање од која ја гледаме. Камен на спрепнувањето кај повеќето автори кои што се занимаваат со тоа е оној дел од научната синтагма, кој бара одредена развиеност на науката, што и условува употреба на научен материјал во делата. Секако дека и публиката која што ги консумира овие дела мора да биде запознанена со научните основи...
Имајќи предвид дека науката како поим сфатена во денешна смисла почнала да се остварува кон крајот на XVII и почетокот на XVIII век, а некои нејзини гранки се појавиле во XX век, поѓајќи од тој став научната фантастика всушност почнала да се јавува дури во XIX век. Меѓутоа, ако се ставиме во позиција на авторите кои твореле многу пред тој период и ако ја земеме во предвид и состојбата на науката во нивното време, тогаш би можеле во научната фантастика да вброиме и некои дела пред овој период. Со овој став не се отвора полемика со оние теоретичари (Жак Садул) кои потенцираат состојба со која тврдат дека во желба жанрот да се прикаже што пообемен, некои теоретичари ги наведуваат сите можни дела кои макар и приближно ја допираат границата на жанрот. Ова особено се однесува на писателот и теоретичар Брајан Олдис кој во својата историја на научната фантастика наведува и некои делови од Библијата.
Разните автори ја поделиле историјата на научната фантастика на неколку периоди, водејќи се по сопствените критериуми. Периодизација меѓу другите направиле и: Брајан Олдис, Јулиус Калгарицки, Брајан Еш, Жак Садул, Џемс Гун, Дарко Сувин и други.
Жак Садул ја направил следнава периодизација: Раѓање (1911 – 1925), Кристализација (1926 – 1933), Промена (1934 – 1938), Процут (1938 – 1949), Размножување (1950 – 1957), Осека (1958 – 1965), Препород (1966 – понатаму)
Еден од водечките теоретичари на научната фантастика Дарко Сувин, кој работи во САД и Канада, во својата книга Од Лукијан до Луњак (1965), всушност историски преглед и антологија на научно-фантастичната литература, ја направил следнава периодизација: Преднаучна фантастика/антика, среден век, ренесанса, барок, рационализам/, Вододелница (околу 1848), На преминот на векот (1885 – 1905), Прва третина на 20-от век (до 1937), Втора третина на 20-от век (од 1937 па понатаму)
Прегледот што следува отприлика се поклопува со периодизацијата на Жак Садул, но сепак како воведен дел се зема и терминот преднаучна фантастика, што значи дека ќе се започне со најстарите митови со цел да се увидат корените на научната фантастика и како со развивањето на науката се развивал и овој нижевен жанр врзан за науката.
Периодизацијата е во следниве раздели: Прото научна фантастика, Вистинските почетоци, Раѓање, Кристализација, Промени, Умножување, Осека, Препород, Златно време
Во ова продолжение ги разгледуваме разделите на прото научна фантастика и вистинските почетоци на научната фантастика во книжевноста, додека останатите раздели ќе бидат предмет на расправа во следните продолженија од серијалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.