Емитер 10-12/2018.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Делата од жанрот на научната фантастика (НФ) вообичаено имаат помалубројна публика, бидеќи најчесто е потребно одредено “предзнаење” за да може да се ужива, а особено – да се цени одредена идеја или решение во делото. Затоа, телевизиските НФ серии претежно се така направени, за да бидат поприемливи за пошироката публика. Но, повремено има и вистински пријатни изненадувања за “поискусните”, како што е серијата Nihtflyers на ТВ-каналот SyFy. Оваа серија е од 10 епизоди, поврзани во едно дејствие, NIGHTFLYERS е име на вселенски брод кој патува за да се сретне со потполно непозната интелигенција во вселената. Мрачна, кибер – органска и на мигови шоканта визуелна, траорна и речиси безнадежна атмосфера...
Научната фантастика е можеби најпотценетиот литературен жанр, но сепак е еден од најопуларните и не затоа што има некаква масовна – шунд – турбо популарност, туку затоа што сепак, и покрај сè, многумина ги допира на ваков или онаков начин.
За мене, НФ е гимнастика за мозокот бидејќи крилатицата на мејнстрим уметноста ЖИВОТОТ Е КРАТОК – ТЕЖОК И НА КРАЈОТ СИТЕ ЌЕ УМРЕМЕ ми е веќе излитена, презаситен наратив. Низ годините се обидував да најдам форми и творби кои ќе “заскокоткаат” делови во моите хемисфери и сепак, НФ-жанрот во кој било облик остана како најсоодветен. Ме натера да се заинтересирам за физика, квантна механика, астрономија и за поджанорвите на митологии и религии, несакајќи се стекнав со широки познавања од општата култура и наука што денес би требало да биде цел на секој, дури и малку образован... Би требало... ех.
***
Рубриката “Научна фантастика” е замислена како простор за осврти на дела од жанрот на научната фантастика (книги, филмови, ТВ-серии...), за есеи за научната фантастика, но и за објавување кратки НФ раскази од странски и од домашни автори. Рубриката е отворена за предлози, но и за понуди за соработка од сите кои се чувствуваат подготвени да пишуваат и да ги споделат своите дела, знаења и размислувања за научната фантастика.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10-12/2018. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.