Во продолжението на култниот класик на Ридли Скот, Блејд Ранер 2049, се открива дека на 10 јуни 2021 година починала репликантот Рејчел и се случило чудо – таа родила дете, според повеќето хибрид, според некои робот...
Како што веќе знаете продолжението се случи три децении по оригиналниот филм, а сосема соодветно и дејствието во него се случува по ист временски период. Иако делото на Денис Вилнев немаше некој особен успех на кино-благајните, слично како и оригиналот, дистопскиот еп собра одлични критики, а неговите визуелно зачудувачки, беспрекорни кадри му донесоа Оскар на кинематограферот Роџер Дикинс.
Накратко сижето е следно: Во 2049 година репликантот К, толкуван од Рајан Гослинг, работи како блејд ранер со сериозни проблеми со идентитетот. По пензионирањето на репликантот Сапер Мортон на неговата фарма со протеини, К открива кутија закопана во близина на дрво, за која ќе се покаже дека содржи човечки коски. На крајот се открива дека коските всушност припаѓаат на репликант кој починал при породување. Репликантот не е никој друг туку Рејчел (Шон Јанг) која во оригиналниот Блејд Ранер на Ридли Скот го украде срцето на Декард (Харисон Форд). Некако, наспроти сите закони на биологијата, Декард и Рејчел зачнале дете, а поголемиот дел од филмот К го поминува тажно прашувајќи се дали тоа дете е тој. Подоцна, тој сфаќа дека детето е Ана Стелин.
Фактот што првиот хибрид се раѓа на 10 јуни 2021 година ги истакнува екстремните разлики помеѓу универзумот на Блејд Ранер и реалниот свет. Во Blade Runner има летачки автомобили, колонизација во вселената и го има чудото, бебе на андроид, коешто може да промени сè. Се разбира, универзумот на Blade Runner нуди визија за една прилично мрачна, осамена иднина, којашто е можеби и подобро што ја нема. Сепак, интересно е што некои од најдобрите технологии од оваа филмска франшиза денес може да ги најдеме присутни насекаде – домовите стануваат попаметни, вештачката интелигенција (ВИ) станува сè понапредна, а и видеоповикот е веќе нормална работа. Но, ако андроидите почнат да раѓаат бебиња, којзнае на што ќе може да сметаме следно ;)
И како бонус една дилема која со децении ги мачи СФ-фановите: Дали ликот на Декард е репликант или човек?