Електроника
Изработениот стерео кодер

Лесно може да се најдат шеми за голем број на ФМ модулатори / предаватели што може да ви послужат за радиоемитување на моно сигнал, но тешко е да се најде едноставен стерео кодер со добри перформанси. Овој стерео кодер ги исполнува и двата услова – едноставност и висок квалитет на звукот, во што ќе се уверите и вие ако го изработите.


Електроника

Електронските шаховски табли нудат пренесување на шаховските партии во реално време, нивна анализа и зачувување на одиграните потези во дигитален формат. Изработената електронска шаховска табла се базира на RFID технологија и соодветна софтверска програма на која во реално време се прикажува позицијата на фигурите и анотацијата за одиграните потези.


Астрономија и астронаутика

По две одлагања конечно започна второто освојување на Месечината, овој пат со планови за трајно човечко присуство на овој наш природен сателит. Програмата Артемида планира слетување на Јужниот пол на Месечината, каде што се откриени поголеми количини смрзната вода што може да се искористи за одржување на животот, но и како суровина за ракетно гориво. Ова е од неизмерна важност бидејќи враќањето на Месечината значи користење на овој природен сателит како отскочна штица кон следната мисија – стапнување на човек на површината на Марс до 2030 година.


Информатика

Криминалниот акт може да се изврши на кој било компјутер поврзан во локалната или светската мрежа. Но, штом хакерите бидат откриени, ред е на истражителите да обезбедат посредни реални докази за стореното дело. Светската судска практика ги прифаќа компјутерски генерираните и компјутерски меморираните докази под соодветно дефинирани услови, а најтешко е да се добие таканаречен дигитален доказ без пукнатини, цврст доказ кој ги покрива сите објаснувања и заклучоци...


Архитектура и градежништво
Плутата како фасаден финиш за едно современо архитектонско решение

Несомнено плутата е дар од приро­дата за човекот. широк е дијапазонот на области во кои плутата е навлезена. како производ добиен од дрвото плута даб, ја чини уникатна, како неисцрплив при­роден ресурс, голем пријател на чо­век­от во зачувување на животната сре­ди­на, пред сè поради енормно големо коли­чество апсорпција на CO2 во текот на животниот век на дрвото, но исто така и во заштеда на енергија кога про­из­водите од плута се употребуваат како изолациски материјали во градеж­ните објекти.


Електроника

Гитарските педали-ефекти отворија врати на неочекувано голем број различни начини за музичка експресија. И покрај експанзијата на софтверските решенија сепак, гитарските ефекти – педали во физичка форма сè уште се незаменливи кај гитаристите. Во ова последно продолжение од серијата за гитарските ефекти ќе ја прикажеме последната, четврта група останати видови ефекти, кои не можат да бидат класифицирани во претходните три групи. Со тоа го завршуваме овој серијал за гитарски ефекти – педали изведени во аналогна технологија.


Аудио и видеотехника

Во оваа рубрика анализирам и подобрувам постари модели звучници што биле популарни на овие простори. Сигурен сум дека непријатно се изненадивте колку лоши звучници всушност биле сите тие, а и јас бев вчудовиден зошто не направиле само малку подобри свртници – со што веднаш би се претвориле во сосем солидни звучници. Во некои случаи моите свртници беа дури и поедноставни и поевтини од оригиналните, а сепак даваа многу подобри резултати. Но, во некои случаи (не)квалитетот на самите звучнички единици не даваа можност со „операција” на свртницата да се издигне на највиското ниво. Овојпат на операционата маса се најдоа англиските звучници Bowers&Wilkins DM603 S2, па да видиме дали и колку може да се подобрат.


Информатика

Во 2013 година, истакнатиот американски компјутерски програмер и пронаоѓач, Шон Фанинг  со уште двајца други пријатели ја основа компанијата Хелиум Системи. Неполна година подоцна, компанијата вредеше 16 милиони долари, а денес се смета дека пазарната капитализација на Хелиум е иновативен проект за заработка криптовалути со рударење и самиот процес енергетски е мошне ефикасен. Како криптовалута чини над 5 милијарди долари и е една од 50-те надобри светски криптовалути. Во овој напис откриваме како работи целиот систем и тоа како самите да направите надворешна антена за вашиот Хелиум-хотспот, која е многу подобра и чини многу поевтино од оние кои можат да се купат.


Телекомуникации

Во овој напис ви нудиме упат­ства како самите да изработите една одлична Хелиум хотспот антена за надво­решна монтажа, со големо засилу­вање. Антената ќе ве чини десет до дваесет пати помалку отколку да купите фабрич­ка антена со слични карактеристики, а освен оваа директна заштеда, ќе ви овоз­можи и поголемо покривање на околината и, се разбира, побрзо полнење на вашиот крипто­паричник...


Аудио и видеотехника

Развојот на видеокомпресиите овозможи нови изведби кај телевизиските системи. NDI протоколот го поедностави меѓусебното поврзување на аудиовизуелните уреди и даде можност за нивна употреба во продукцијата на големи растојанија, таканаречената „далечинска продукција” (Remote Production).


Телекомуникации

Летните горештини беа како создадени за седење дома и работа во работилница. Неодамна го завр­шив мојот четврти проект на полето на микробрановата елек­тро­ника, примопредавател за 915, 1296 и 2304 MHz, односно за појасите (бан­до­вите) 33, 23 и 13 cm. На овие „егзо­тични” UHF дијапазони досега не постоеше никаква актив­ност во нашата земја, па со овие две нови самоградби, кои ги испро­бав­ме во реални услови со одржување двона­сочни телеграфски врски, за прв пат во нашата земја ги освоивме и овие бандови. За самите уреди и ан­тените ќе стане збор малку подоцна.


Омнибус

Музејот на индустриско и технолошко наследство, кој е во склоп на Научно-технолошкиот парк Ниш, беше официјално отворен во јуни 2021-та година, на првата годишнина од постоењето на Научно-технолошкиот парк. Во музејот има над 400 експонати, од кои најважните биле одбрани за првата поставка именувана како „Заводи РР / ЕИ – Корени на напред­ните технологии”. Пред извесно време конечно го посетив овој музеј и можев лично да ја видам оваа уникатна колекција. Ова е краток напис за создавањето на овој музеј и експонатите што може да се видат на изложбата.


Информатика

Python е објектно-ориентиран програмски јазик креиран во 1991 година, флексибилен е и овозможува ефикасна работа. Има општа намена, и како таков сä повеќе наоѓа примена во ИТ индустријата. Во минатото продолжение научивме како да го инсталираме модулот за работа со Python, зборевме за наредбите за внес и запис, за одлуките if-else, како и за извршување на аритметички операции. Во ова продолжение ќе стане збор за ELIF одлуките и за програмските јазли FOR


Научна фантастика

Последниве години продукцијата на СФ доживеа невидени размери. Знам, знам ЕМИТЕР е сепак едно од најугледните научни списанија кај нас и кога е во прашање научната фатастика, акцентот е ставен на научна... Но, јас сум вејка на ветрот. Немам време за драми од реалниот живот (изгледа оти доволно серии и филмови изнагледав и сведочев со мојата емисија), па така фантастиката – колку побизарана и поодлепена, дотолку ми е попривлечна. Сепак, за вам почитувани љубители на науката, веднаш на почетокот да ви ја препорачам серијата на ЕПЛ+, “ЗА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВОТО” – For All Mankind.


Информатика

Протекувањето на лозинките е еден од најздодевните проблеми на дигиталната ера. Можеби и нема да бидете загрижени ако некој ја знае вашата лозинка за некоја стара сметка за е-пошта што мошне ретко ја користите и којашто не содржи ништо вредно. Но, ако таквата сметка за е-пошта е поврзана со вашите сметки на социјалните медиуми, апликацијата на вашата банка или некои други апликации, а сега се наоѓа во рацете на кибер-криминалците, тоа може да ви создаде сериозни проблеми.


Металство и машинство

Валтер АГ е основана во 1919 година и е една од светските водечки компании за ре­жење на метали во областа на алатни­чар­ството (tooling). Како испорачувач на спе­цијализирани решенија за машинска обра­ботка, Валтер нуди широк спектар на пре­цизни алати за глодање, стругање, дуп­чење и изработка на навои.

Разговараме со Фатих Челик, раководител на одделот за продажба за регионот на Централна и Источна Европа ВАЛТЕР АГ - Германија и Матеј Рамшак, извршен директор, Валтер Тулс д.о.о. (Walter Tools d.o.o.), Словенија


Телекомуникации
Зградата на Радио Љубљана во 1928 година на Блејвејсова Цеста

Раната историја на радиото на поранешните југословенски простори се случува во времето на постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), подоцна Кралството Југославија. Формирањето на првите радиостаници било резултат на влијанието на она што во тоа време се случувало во радиотехнологијата во Европа и во светот пошироко.


Автомобилска техника

Најнапред да го лоцираме проблемот – во овој текст ќе зборуваме за погонот на разводниот механизам кај моторите со внатрешно согорување (мотори СВС). Најнапред се нурнуваме во историјата и развојот на овие механизми, а потоа ќе ги нотираме основните решенија, прин­ципиел­но ќе ги објасниме и ќе споменеме некои проектантски и конструктивни дилеми и особености...


Омнибус
Лагудин со неговата изведба на електронски теслин трансформатор, проект објавен во Емитер 4/2006

Со жалење ја пренесуваме веста дека во август оваа година почина нашиот долгодишен соработник Петар Лагудин, автор на бројни научно-популарни статии објавени во списанието и на веб порталот ЕМИТЕР


Астрономија и астронаутика

Се верува дека најстариот познат марсовски метеорит е фрагмент од исконската кора на Црвената планета. Истражувачите штотуку го идентификуваа кратерот од кадешто потекнува овој метеорит.


Електроника
Изработениот прототип на алармниот уред со ИК CMOS 4060

Овој алармен уред има едноставна конструкција и е евтин за изработка, погоден за сите вљубеници во уреди за самоградба. Со овој алармен уред се обезбедува заштита на објекти од непознати лица во една зона кои имаат ниско ниво на сигурност. Основното коло на овој уред е CMOS интегрираното коло CD4060 кој претставува бинарен бројач. Со него се обезбедува еднакво време на влезно и излезно доцнење од 30-40 секунди и време на активност на алармот од 15-20 минути.


Научна фантастика

Научната фантастика може да се смета за најмлад, но и најстар книжевен жанр во зависност од точката на гледање од која ја гледаме. Камен на спрепнувањето кај повеќето автори кои што се  занимаваат со тоа е оној дел од научната синтагма, кој бара одредена развиеност на науката, што и условува употреба на научен материјал во делата. Секако дека и публиката која што ги консумира овие дела мора да биде запознанена со научните основи...


Информатика

Она што сите го побаруваме од нашиот мрежен систем е  безбедна и брза интернет комуникација но и пристап до уредите во мрежата. Во овој кус напис ве запознаваме со решенијата на убиквити што го нудат токму тоа, со дополнителен бонус на едноставна контрола на параметрите на мрежата од каде сакате и кога сакате.


Астрономија и астронаутика
Галактичкото јато, видено 12 милијарди години назад во време-просторот.

Додека развивал и тестирал астрономски софтвер со податоци собрани од порано, постдипломски студент на астрономија, случајно открил група на галаксии во многу раниот универзум. Дополнително од демонстрацијата на потенцијалот на софтверот, откритието овозможува увид во групирањето на масивните структури како и процесот на формирање на ѕвезди во некои галаксии.


Аеронаутика

Неодамна  на фејсбук беа објавени фотографии oд акробатската едрилица Мачка. Изненадувањето беше големо, бидејќи тие фотографии беа “свежи”, што укажува дека се работи за реставрирана едрилица. Благодарејќи на фотографот од Словенија, дознав дека едрилицата е реставрирана  и сега е во летечка состојба. Ова ми даде поттик во овој напис да направам презентација на оваа извонредна југословенска едрилица од 50-тите години на минатиот век. 


Омнибус

Кратки информации од повеќе научно-технички области