Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во НАСА веќе подолго време постојат планови за враќање на човекот на Месечината и за остварување трајно човечко присуство на овој наш природен сателит. Програмата за обновено присуство на човекот на Месечината симболично го носи името на божицата Артемида (Artemis), инаку сестра на Аполон во античката митологија, алудирајќи на наследството од мисиите Аполо. Програмата планира слетување на Јужниот пол на Месечината, каде што во 2009 година беа откриени поголеми количини мраз, односно смрзната вода што има потенцијал да се искористи за одржување на животот, но и како суровина за ракетно гориво. Ова е од неизмерна важност бидејќи враќањето на Месечината значи користење на овој природен сателит како отскочна штица кон следната мисија – стапнување на човек на површината на Марс до 2030 година.
Во исчекување на лансирањето – Артемида 1 поставена на лансирната платформа
Најнапред да расчистиме зошто се враќаме на Месечината. Веќе сме биле таму, нели? Но, нашето разбирање за Месечината денес е многу поразлично од она во ерата на мисиите Аполо. Така, на пример, некогаш се сметаше дека е Месечината претставува неизмерно сув, пустински свет, за последниве две декади научниците да откријат дека на неа има огромни наслаги од воден мраз, особено на јужниот пол, во близина на локацијата на којашто е планирано слетувањето на мисијата со човечки екипаж – Артемида 3. Таму, водениот мраз се акумулирал со милијарди години од различни извори, и се одржува стабилен во трајно засенчените региони.
Пристигнуваат и првите фотографии од Орион, а меѓу нив и оваа – 'селфи' со целото човештво во еден кадар
Мисиите Артемида треба да обезбеди трајно присуство на човекот на нашиот најголем природен сателит што понатаму ќе овозможи впуштање во уште подалечни мисии со човечки екипаж во длабоката вселена. Астронаутите вклучени во овие мисии ќе учат како да преживеат, опстојат и напредуваат во средина со многу радијација, со огромни температурни разлики, сеприсутна ситна прашина и ќе се обучуваат за живот на следната станица – Марс.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.