Затемнувањата на Месечината, а особено на Сонцето, се едни од поретките астрономски појави на небото, кои не треба да се пропуштат. Вечерва, на 7 август 2017 година, можеме да проследиме делумно затемнување на Месечината. Месечината ќе изгрее на исток во 19 часот и 38 минути, веќе под полусенката на Земјата, а во мал дел од долу “нагризена” и од целосната сенка на Земјата. Максимумот на делумното затемнување ќе биде во 20 часот и 20 минути. Тоа ќе се случи малку над хоризонтот (6,6 степени), така што побарајте некое повисоко место за набљудување, каде што нема пречки (рид, згради, дрвја) во насоката исток-југоисток. Месечината ќе излезе од целосната сенка на Земјата во 21 часот и 18 минути, благо затемнета само од полусенката на Земјата. Во 22 часот и 51 минута, Месечината комплетно ќе излезе од полусенката на Земјата.
Повеќе информации за затемнувањето може да најдете тука