На 18 декември минатата година, еден голем метеорит експлодираше во атмосферата, на висина од околу 26 километри, некаде над Беринговото Море. Експлозијата генерираше приближно 173 килотони енергија, што оваа експлозија ја прави 10 пати помоќна од ударот на нуклеарната бомба фрлена на Хирошима во 1945 година.
Експлозијата беше ‘уловена’ од неколкуте камери кои се дел од инструментите сместени на сателитот TERRA на НАСА. Неодамна, овие снимки беа дадени на увид на јавноста.
Темната црвена линија што можете да ја забележите на снимката е, всушност, сенката што огнената метеоритска топка ја проектира врз горниот слој од облаците што се наоѓаат под неа. Жолтата област во долниот десен агол е, всушност, супер-загреан воздух којшто останува непосредно зад метеритот при неговото патешествие низ атмосферата.