Емитер 205 - 11/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Гитарските педали-ефекти отворија врати на неочекувано голем број различни начини за музичка експресија. Напредокот на дигиталната и компјутерската технологија ни овозможија сите тие аналогни ефекти да се достапни во форма на специјализиран софтвер, со кој практично се отвора бесконечно широко поле за разни дигитални гитарски ефекти, особено во студијата за снимање. Сепак, гитарските ефекти – педали во физичка форма сä уште се незаменливи кај гитаристите, сеедно дали се реализирани со аналогна или дигитална електроника. Во ова последно продолжение од серијата за гитарските ефекти ќе ја прикажеме последната, четврта група останати видови ефекти, кои не можат да бидат класифицирани во претходните три групи. Со тоа го завршуваме овој серијал за гитарски ефекти – педали изведени во аналогна технологија.
Во минатите три броја на ЕМИТЕР ги разгледавме гитарските ефекти од првите три главни групи: 1. дисторзиски, 2. модулациски и 3. ефекти со временско доцнење. Во ова последно продолжение од серијата за гитарските ефекти ќе ја прикажеме последната, четврта група останати видови ефекти, кои не можат да бидат класифицирани во претходните три групи. Во оваа група ќе ги разгледаме гитарските ефекти wah-wah, envelope, octave/octaver и compressor, што не спаѓаат во групите на хармониско дисторзирани, модулациски или ефекти со временско доцнење, коишто ги разгледавме претходно.
Од лево кон десно: Thomas Organ Company Cry Baby – првиот wah-wah педал; Electro-Harmonics Q-Tron+ – современ анвелопа педал; и EarthQuaker Devices Tentacle – модерен up-октавер
Аналогните гитарски ефекти – педали се многу широка и длабока тема, па ми требаа четири долги продолженија во оваа серија да ги опфатам сите нив, заедно со нивната историја и начинот на функционирање. Дигиталните гитарски педали не ни ги спомнав, прво – бидејќи тие се надвор од можностите на самоградителите, а второ – повеќето од нив само го клонирале звукот на постарите аналогни педали (иако додале и некои нови можности, недофатливи за аналогните). Аналогните гитарски ефекти најчесто се составени од многу мал број елементи, згора на тоа лесно достапни, а шемите се едноставни и лесно се наоѓаат на интернет – вистински рај за самоградителите! Побарајте на интернет YouTube видеа со примери како звучат одредени гитарски педали и нурнете во фасцинантниот океан на гитарските ефекти.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 205 - 11/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.