Рубрика: Електроника
Универзален гитарски предзасилувач
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Имате гитара, а немате гитарски засилувач? Или имате гитарски влез на вашиот разглас ама не ви се допаѓа бојата?! Сеедно, еве едно решение кое ќе ги израдува сите! И најдобрите гитаристи меѓу електроничарите и најдобрите електроничари меѓу гитаристите.

Иако постои тенденција да се стандардизира излезниот напон кај електричните гитари, тоа е тешко остварливо. Тоа во прв ред се должи на фактот што различните електрични гитари присутни на пазарот имаат различна боја, гласност и динамика на произведениот звук. Сите тие бараат различна обработка на сигналот, со цел да се добие звук по мерка и замисла на уметникот-изведувач. Истото се случува со акустичните гигари кои би сакале да ги "озвучиме" со соодветен пикап (pickup). Наедноставно би било: ако гитарата ти е Фендер Стратокастер (Fender Stratocaster), купи си Фендер засилувач, па да те види Господ! Или, ако пак свириш на Пиви Раптор (Peavey Raptor), купи си гитарски засилувач Пиви, па никој нема да ти биде рамен. Сепак, тоа не оди токму така! Иако ова се скапи варијанти, тие априори сами по себе не даваат врвни резултати. Врвните резултати во прв ред се одраз на виртуозноста на самиот уметник, апсолвирана со макотрпна работа и длабока посветеност на каузата, но и потпомогната со понекое "електронско волшебство". Добро сега, јас пари неможам да ви дадам, ниту пак можам да ве натерам макотрпно да вежбате. Јас можам само да ви помогнам да го совладате она мало "електронско волшепство". Овој едноставен гитарски предзасилувач, благодарение на десетте DIL-прекинувачи, има импресивни можности во засилување и прилагодување на гитарскиот пикап кон кој било излезен засилувач. Изработете го - ќе ве чини малку пари и малку труд, а ќе добиете извонредна алатка во креирање на вистински гитарски звук!

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1302
ИК: TL071 (OP27); DIL-прекинувачи
 
Клучни зборови:

Изработениот гитарски предзасилувач


Гитарскиот предзасилувач изработен од нашиот читател Слободан Трајкоски

Гитарскиот предзасилувач изработен од нашиот читател Слободан Трајкоски

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.