Емитер 204 - 4/2022.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Гитарските педали-ефекти отворија врати на неочекувано голем број различни начини за музичка експресија. Напредокот на дигиталната и компјутерската технологија ни овозможија сите тие аналогни ефекти да се достапни во форма на специјализиран софтвер, со кој практично се отвора бесконечно широко поле за разни дигитални гитарски ефекти, особено во студијата за снимање. Сепак, гитарските ефекти – педали во физичка форма сè уште се незаменливи кај гитаристите, сеедно дали се реализирани со аналогна или дигитална електроника. Во ова трето продолжение од серијата за гитарските ефекти ќе ги обработиме ефектите базирани на доцнење на сигналот: Reverb, Delay, Flanger и Chorus.
Во минатите два броја на ЕМИТЕР ги разгледавме гитарските ефекти од првите две главни групи: 1. дисторзиски и 2. модулациски.
Во овој број ќе ја претставиме третата, претпоследна група главни ефекти:
3. Ефекти со временскo доцнење – кои се базираат на доцнење на сигналот: Reverb, Delay, Flanger и Chorus.
Во следниот број на ЕМИТЕР ќе ја обрaботиме и последната, четврта група ефекти:
4. Останати видови ефекти – wah-wah, envelope, compressor, octaver.
Со ова, ги покриваме речиси сите можни видови гитарски ефекти што постојат на пазарот во форма на гитарски педали направени со аналогна електроника.
Во ова продолжение нудиме и една раритетна видео снимка. Имено гитаристот и иноваторот Les Paul бил првиот кој направил висококвалитетни снимки со delay и ехо ефект. Во 1951 година ја издал својата верзија на џез стандардот „How high the Moon“, каде многу јасно се слуша ехото од неговата гитара (покрај масивниот overdubbing на вокалот од неговата сопруга Mary Ford), а на видеоснимката на овој хит, во еден краток кадар се гледаат два студиски магнетофона како работат паралелно – „магијата“ со која се добиени овие звучни ефекти.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.