Рубрика: Електроника
Дигитален ехо-реверб процесор EERev-4 (3)
Автор: Слободан Таневски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Стигнавме до последното продолжение на овој проект и, како што може да се претпостави, овој финален напис е посветен на практиката – изработка и тестирање на уредот. Иако уредот изгледа прилично сложен, неговата изработка воопшто не е сложена благодарение на тоа што целиот се изработува на една компактна печатена плочка. Ќе бидат презентирани и повеќе измерени резултати, како и првите впечатоци од слушните тестови кои ќе бидат илустрирани и со неколку аудиоснимки. Се надевам дека овој проект ќе побуди интерес меѓу младите музичари и електроничари, како со својата ниска цена, така и со својот солиден квалитет.

Се надевам, драги читатели, дека со уживање го проследивте овој проект (барем онолку колку што јас уживав во неговото дизајнирање, изработка и тестирање) и дека многумина од вас ќе го изработат и ќе бидат негови задоволни корисници. Ако го изработите, не заборавете со нас да ги споделите вашите впечатоци од неговото користење и да ни испратите фотографии од вашата изведба – тие ќе бидат поставени на нашата веб-страница, заедно со фотографиите од нашиот прототип.

Технички карактеристики:

Засилување (Gain): -20...+6 dB
Изобличувања (THD): <0,5 % (измерено 0,3%)
Однос сигнал/шум (S/N): >80 dB
Доцнење на ехото (Delay echo):
85...500 ms (измерено 81...630 ms)
Контроли: Input Gain, Echo Delay, Echo/Revreb, Decay Repeats, Dry/Effect

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1312
Печатена плочка: MASK131

ИК: PT2399, TL072
Потенциометри: 100klog, 50klin, 22klin, 10klog

Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Спектар на хaрмониските изобличувања на ехо-реверб процесорот


Дигиталниот ехо-реверб процесор изработен од Илија Трајкоски од Битола

Дигиталниот ехо-реверб процесор изработен од Илија Трајкоски од Битола

Дигиталниот ехо-реверб процесор заедно со гитарскиот засилувач од Е3-4/96 изработени од Илија Трајкоски од Битола

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.