Рубрика: Електроника
Термоелектричен нож за стиропор
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сечењето со загреана жица во суштина е топење и моментално испарување на стиропорот. Затегната жица од не'рѓосувачки челик (Ni-Cr жица) се загрева со помош на електрична струја на температура од околу 300°C. Со точно усогласена брзина на движење на жицата низ стиропорот и точно определена температура, жицата речиси и да не го допира материјалот кој бргу испарува, па на таков начин го сече. Со сечење на стиропорот може да се издвојат разни облици од него кои можат да се користат за бродо и авиомоделарство, за градежништво, како украси, како наменски облици за амбалажа итн. Во написот ќе биде претставено комплетно решение за сечење на стиропор со електронски уред за нагодување на температурата на грејната жица и нејзината механичка монтажна изведба на статив како нејзин држач.

Електрична жица која се загрева до 300°C со помош на електрична струја, а е наменета за сечење на полистирен (polystyrene) и негови сродни материјали, наречена е термоелектричен или термален нож. Како што загреаната жица навлегува низ материјалот, материјалот веднаш испарува на местото на допирот и на тој начин механички се раздвојува, т.е. се сече. Во основа, секој термален нож е составен од отпорна жица низ која протекува електрична струја која го загрева и механички држач на кој е добро прицврстена и затегната самата грејна жица. За добра регулација на температурата на грејната жица потребен е електронски уред кој ќе врши промена и контрола на електричната моќност која се доведува до отпорната грејна жица.

Контрола на моќноста на електричната енергија, а со тоа и контрола врз температурата може да се врши на неколку начини: со сериски променлив отпорник (реостат) кој ќе ја менува јачината на струјата која протекува низ грејната жица; со промена на приклучениот напон врз краевите на грејната жица со помош на некој од сериските регулатори за промена на напон; со менување на напонските изводи на секундарот од трансформаторот, при што се менува доведениот напон врз отпорната жица и со промена на времето на спроведување на струјата низ грејната жица, т.е. променлив однос импулс/пауза или duty cycle. При конструкцијата на уредот за промена на јачината на струјата, а со тоа и за промена на температурата на жицата за загревање, употребен е последниот начин, поради големиот коефициент на корисно дејство и малата термичка дисипација во излезниот транзистор.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1024
Транзистори: BD239, BC337; ИК: NE555, 4N35, 7812
 
Сечење на стиропор со изработениот уред
Клучни зборови:

Изработената ППК со сите елементи на место

Изработената ППК со сите елементи на место

Изработената ППК сместена во соодветна кутија и поврзана.

Комерцијален нож за стиропор

Комерцијален нож за стиропор


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.