Енергетика

Во оваа статија ќе биде прикажан начинот на изработка и поврзување на еден фотонапонски модул составен од 48 фотонапонски ќелии. Овој модул потоа е поврзан со акумулатор, регулатор на полнење и празнење на акумулаторот и инвертор за добивање наизменична струја и со тоа е добиен минимален фотонапонски систем.


Електроника
Фотографиja од нашиот прототип на гитарскиот педал Tube Screamer ТS808, однадвор

Гитарските педали се многу благодарна област за самоградителите – електронските шеми најчесто се едноставни, цената на деловите не е висока, а задоволството со направениот уред е бесценето! Во овој самоградителски проект ќе го направиме познатиот гитарски педал за овердриве ефект Ibanez Tube Screamer TS808.


Информатика

Препознавањето е едно од основните својства на човекот. Тоа е својство и на компјутерот. Додека човекот сосема лесно ги интерпретира црните и белите полиња на хартијата како букви, линии, форми, за компјутерот тие и понатаму остануваат само низи од единици и нули во неговата  меморија. Екстрахирањето на основните информации од низата единици и нули во компјутерската меморија и нивното претставување и интерпретација во форма соодветна за понатамошна обработка со компјутер се сведува на проблемот на препознавање облици (примероци). Ова е посебна гранка од информатиката и со неа ќе ве запознаеме преку оваа серија на написи.


Архитектура и градежништво

Зголемувањето на изолациските својства на материјалите за топлинска изолација е светски тренд. Најефикасна можност нуди употребата на вакуум. Но, херметизирањето на вакуумот претставува генерален проблем. За решавање на овој проблем постојат различни пристапи: широк спектар на решенија како што се вакуумирани изолациски панели (ВИП), вакуумирани стаклопакети и решенија на микрониво, како што се керамички сфери со затворен вакуум. Додека примената на ВИП е ограничена од фактот што дури и малите повреди на метализираната обвивка што го обезбедува вакуумот го уништуваат изолацискиот ефект на целиот панел, пристапот на микрониво, со керамички сфери, е многу повеќе робустен на локалните повреди со што се добиваат атрактивни изолациски својства во споредба со стандардните изолациски производи.


Научна фантастика

Речиси секое дело во научната фантастика може да се смести во две, три, па и повеќе теми. Ова се должи на тоа што нема изолирани појави, па кога ќе се спомене една неизбежно е да се спомене и друга тема. Токму затоа, секоја дискусија за темите е мошне неблагодарна работа. Сепак, во глобала, тематиката во научната фантастика може да се подели во две основни групи – екстровертна и интровертна – кои понатаму се расчленуваат на соодветни подгрупи. Во овој напис ги разгледуваме интровертните теми во SF-от.


Астрономија и астронаутика

Идејата за изградба на астрономска опсерваторија во Македонија прострујува низ македонскиот интелектуален простор отприлика на секои десетина години. Ова им е на сите добро познато, особено на аматерските астрономски друштва како и на сите љубители на астрономијата во Македонија. Колку сме блиску или далеку од вакво нешто? Сонувачите никогаш не се откажуваат, а младите сили влеваат надеж дека можеби работите е можно да се мрднат во некоја подобра насока...


Аудио и видеотехника

Ова е последното продолжение од серијалот за модификации и подобрувања на некогаш славните југословенски звучници кои се продаваа заедно со исто така славниот рисивер HSR 140 (подоцна HSR 160). Досега модифицирав и подобрив три варијанти на овој звучник што имаа еден нискотонец од 30 cm (12 инчи). Во ова продолжение ќе ја модифицирам варијантата со два нискотонца од 20 cm (8 инчи) – подобрувањата се спектакуларни, со само мали промени во свртницата на звучникот.


Електроника

Star Wars – американската епска вселенска опера и мултимедијална франшиза создадена од Џорџ Лукас, започна со истоимениот филм од 1977 година и многу брзо стана светски поп-културен феномен. Франшизата се прошири со повеќе филмови, а навлезе и во други медиуми – телевизиски серии, видеоигри, романи, стрипови, атракции во тематски забавни паркови, сите дел од еден сеопфатен измислен универзум. Во 2020 година, вкупната вредност на франшизата се проценуваше на зашеметувачки 70 милијарди американски долари, а во моментов оваа медиумска франшиза има петта најголема заработка на сите времиња. Во овој напис ви даваме предлог за изработување на класичната видеоигра Star Wars: X-Wing со употреба на Ардуино...


Аеронаутика

Историјата на овој авион започнува како ловец P-80 Shooting Star, кон крајот на Втората светска војна. За жал, заради своите релативно скромни перформанси во споредба со конкуренцијата (Gloster Meteor, Me-262 и особено во споредба со Миг 15 во Корејската војна), тој не ги исполни очеку­вањата во оваа област. Што да се прави со готов авион? За среќа, во моментот постоеше силна потреба од школски авиони за преобука на пило­тите од клипна во млазна авијација, па компанијата Lockheed реши несудениот ловец да го реконструира и од него да нап­рави тренажен авион.


Информатика

Почетен настан во развојот на компјутерските науки во Македонија: Предавање за теорија на автомати

Опишан е пионерскиот настан во развојот на компјутерските науки во Македонија. Во 1968 година, во организација на Математичкиот институт со нумерички центар одржано е првото предавање од областа на копјутерските науки, под наслов Апстрактни автомати. Предавањето го одржа според сопствена статија Стево Божиновски, а настанот го водеше проф. д-р Ѓорги Чупона.


Електроника

Гитарските педали-ефекти отворија врати на неочекувано голем број различни начини за музичка експресија. Напредокот на дигиталната и компјутерската технологија ни овозможија сите тие аналогни ефекти да се достапни во форма на специјализиран софтвер, со кој практично се отвора бесконечно широко поле за разни дигитални гитарски ефекти, особено во студијата за снимање. Сепак, гитарските ефекти – педали во физичка форма сè уште се незаменливи кај гитаристите, сеедно дали се реализирани со аналогна или дигитална електроника. Во ова трето продолжение од серијата за гитарските ефекти ќе ги обработиме ефектите базирани на доцнење на сигналот: Reverb, Delay, Flanger и Chorus.


Аудио и видеотехника
Конструкција на мултиќелијна хорна за системот Ширер-МГМ во Lansing Manufacturing Company

Постојат само мал број луѓе или фирми што оставиле траен печат во историјата на аудио техниката. James Bullough Lansing, односно фирмата JBL, секако спаѓаат во тоа избрано друштво. Иновативниот Лансинг уште во 1927 година започнал да произведува звучници, чиј квалитет веднаш бил препознаен на пазарот, носејќи му голем углед. Подоцна, фирмите Altec Lansing и JBL продолжиле со развојот на квалитетни звучници, ширејќи го својот асортиман и стекнувајќи се со голем респект кај професионалците, но и кај аудиофилите.


Информатика

Дали на вашата организација и треба понапредно решение за детекција и одговор на закани? Дали на вашата организација и треба XDR?


Информатика

Python е објектно-ориентиран програмски јазик креиран во 1991 година, флексибилен е и овозможува ефикасна работа. Има општа намена, и како таков сè повеќе наоѓа примена во ИТ индустријата.


Информатика

Едноставен водич за инсталирање и нагодување на RAM со помош на XMP.
Иако можеби ќе паднете во искушение да купите две нови парчиња од најновата DDR4 RAM меморија за да ги обезбедите придобив­ките од надградбата и нивното работење на 3200 MHz, има неколку работи што мора да ги земете предвид...


Телекомуникации
Седиштето на радиото и антенскиот систем било во објект на Плоштадот на Св. Марко број 9 во Горни град

Раната историја на радиото на поранешните југословенски простори се случува во времето на постоењето на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците (СХС), подоцна Кралството Југославија. Формирањето на првите радиостаници било резултат на влијанието на она што во тоа време се случувало во радиотехнологијата во Европа и во светот пошироко.


Аеронаутика

Во Првата светска војна, авионите на почеток служеле за извидување, па некој прв пукнал со пиштол по непријателот, па потоа уследило вградување на  тешко воружување, пушки, митралези, бомби итн. Сличен е и развојот на дроновите. Од обични радиоуправувани модели (беспилотни летала), се претворија во извидувачи и подоцна и во убијци, односно средства за уништување жива сила и техника. Опремени со моќни ракети воздух-земја, воздух-воздух и друго вооружување, тие се претворија во тивки убијци.


Историја и археологија

Скопска Црна Гора е една од најжвописните планини во Македонија. Разновидната флора и фауна, многубројните рекички и потоци, бескрајните планински патеки и чистиот планински воздух, пружаат можности за одмор и рекреација на љубителите на планината и авантурите. Но, покрај овие убавини, Скопска Црна Гора изобилува со голем број споменици на културата, пред сè цркви и манастири, надалеку познати во земјата и странство. Освен овие сакрални објекти, распространети низ падините на планината и во руралните средини, во с. Бразда е откриен и еден археолошки локалитет, Градиште – Бразда. Се работи за владетелска гробница која без сомнение претставува едно од најголемите и најсензационалните откритија на нашите археолози во последните децении.


Електротехника

Комбинирањето на две 40V батерии ги става безжичните алати MAKITA рамо до рамо со стандардните во поглед на моќноста и перформансите!

И не е претерано ова тврдење. Нап­ротив! Комбинирањето на две 40V XGT батерии во рамките на еден уред овоз­можува импресивни 80V. Со ова се пос­тигнува поголема мобилност на без­жич­ните алатки на MAKITA, како и доволно голема моќност за извршување на тешки и напорни работи коишто побаруваат големо оптова­рување од нив


Информатика

За да се рекламираме на Facebook и Instagram треба да бидеме креативни, да ги анимираме купувачите за да можат да кликнат на рекламата, да бидеме интересни, но не пренападни и здодевни. Оваа тема е секогаш актуелна, затоа решивме да ви дадеме конкретен одговор.


Аудио и видеотехника

Убава вест за љубителите на малку поинаква аудио опрема. Во јануари оваа година во Скопје во близина на железничката станица се отвори нов дуќан за продажба на аудио засилувачи, исклучиво изработени со електронски цевки, или како што на шега сопственикот знае да каже – “бутик за лампаши”. Сопственик на овој занаетчиски дуќан е Владимир Симеонов, електроинженер од Скопје, познат во музичките кругови како дизајнер и производител на гитарските засилувачи ВЛАД, кои беа доста популарни во првата декада од овој век, поготово кај гитаристите ориентирани на клубски свирки.


Електроника

Што се тоа плочки со печатени кола, какви видови има, од какви материјали се изработуваат, што значат изразите и кратенките пертинакс, витропласт, стаклолит, FR2, FR4, бакроперт, бакроглас, еднострано каширан, двострано каширан, ППК, PCB, THT технологија, SMT технологија... Сето ова електроничарите-почетници ќе го дознаат од оваа “лекција” во нашата Школа за електроника.


Омнибус

“Најславниот во куќата на славните”, “Чипот кој го промени светот”, “Дедото на модерните процесори”… тоа се само некои од бомбастичните наслови што можеа да се прочитаат деновиве на интернет, кога Интел го прославува 50-тиот роденден на својот прв комерцијален микропроцесор!


Металство и машинство

Ќе се запознаеме со еден навистина исклучителен преносник – преносник на екстремности. Буквално сè за него е исклучително – едноставен дизајн, висок преносен однос што повлекува допуштање на исклучително висок момент на излезното вратило (во режим на редуктор), иновативен и интересен принцип на работа, поволен однос маса / силина на преносникот, висока надежност, компактна и лесна конструкција, ... Очигледно е дека ќе запознаеме еден преносник со крајно екстремни карактеристики и особини – “екстремен спорт” за оние кој уживаат во овие теми. Навистина оригинална, вдахновена и иновативна идеја на пронаоѓачот.


Метеорологија

Воздушната обвивка околу Земјината топка претставува мешавина од гасови привлекувани од Земјината сила на гравитација. Просторот кој тие гасови го зафаќаат се нарекува атмосфера.


Омнибус

Кратки информации од повеќе научно-технички области


Писма
Тврда педала од спојка
Бутабилно CD/DVD/USB за Линукс