Рубрика: Аудио и видеотехника
Letter to the Editor
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 204 - 4/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Конструкција на мултиќелијна хорна за системот Ширер-МГМ во Lansing Manufacturing Company

Постојат само мал број луѓе или фирми што оставиле траен печат во историјата на аудио техниката. James Bullough Lansing, односно фирмата JBL, секако спаѓаат во тоа избрано друштво. Иновативниот Лансинг уште во 1927 година започнал да произведува звучници, чиј квалитет веднаш бил препознаен на пазарот, носејќи му голем углед. Подоцна, фирмите Altec Lansing и JBL продолжиле со развојот на квалитетни звучници, ширејќи го својот асортиман и стекнувајќи се со голем респект кај професионалците, но и кај аудиофилите.

Секое работно утро, по пристигну­вање во канцеларијата, го започнувам со три активности: свежо кафе, вклучу­вање на аудиосистемот и проверка на пораките што пристигнале со елек­трон­ска пошта. Следејќи ја опишаната ру­тина, втората недела од ноември за­почна со писмо од уредникот на Емитер со кое се дефинираат роковите за доста­вување текст за новиот број на спи­са­нието. Секогаш одмерен и резервиран, уредникот го завршува пис­мото со збо­ровите дека очекува креа­тивност на само во текстот, туку и при изборот на темата...

Токму ваквиот пристап е крајно об­вр­зу­вачки затоа што обврзува без кон­кретна обврска и те повикува да дадеш сè од себе во името на креативната пишувачка слобода. И не дека тековните обврски се проблем, имајќи го предвид нашето пандемиско и политичко секој­дневие кое се погрижи професионалните ангажмани да се работат со фракција од менталните и други капацитети, туку токму таквото секојдневие ве(ме) доведува во состојба на рамнодушност за речиси сè, па и за она што отсекогаш било мотив и движечка сила.

Размислувајќи на тема по дадената задача, сакав да се осврнам на некој што оставил белег во историјата на аудио­дизајнот и верната репродукција на звук, ја следел својата цел и не потклекнал дури ни во најтешките моменти и продолжил напред со нова енергија. Некој чие наследство и белег се толку значајни, а водечката идеја толку силна  и инспиративна што и денес е присутна во креациите што го носат неговото име.

Ајконик (Iconic) во студиото на Лес Пол (Les Paul)

Клучни зборови:
Конструкција на мултиќелијна хорна за системот Ширер-МГМ во Lansing Manufacturing Company

Конструкција на мултиќелијна хорна за системот Ширер-МГМ во Lansing Manufacturing Company

JBL SA-750 – 2021 година

JBL SA-750 – 2021 година

Ајконик (Iconic) во студиото на Лес Пол (Les Paul)

Ајконик (Iconic) во студиото на Лес Пол (Les Paul)

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.