Рубрика: Историја и археологија
Археолошкиот локалитет Градиште – Бразда
Автор: Мирослав Бошковиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 204 - 4/2022.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Скопска Црна Гора е една од најжвописните планини во Македонија. Разновидната флора и фауна, многубројните рекички и потоци, бескрајните планински патеки и чистиот планински воздух, пружаат можности за одмор и рекреација на љубителите на планината и авантурите. Но, покрај овие убавини, Скопска Црна Гора изобилува со голем број споменици на културата, пред сè цркви и манастири, надалеку познати во земјата и странство. Освен овие сакрални објекти, распространети низ падините на планината и во руралните средини, во с. Бразда е откриен и еден археолошки локалитет, Градиште – Бразда. Се работи за владетелска гробница која без сомнение претставува едно од најголемите и најсензационалните откритија на нашите археолози во последните децении.

За оваа гробница, која воодушевува со својата монумен­талност, експертите тврдат дека е стара повеќе од 2400 години, а во неа најверојатно лежел некој владетел и непро­ценливо богатство. Бразда се наоѓа во северниот дел на Скопската Котлина, а во јужниот дел на на територијата на Општина Чучер-Сандево. Селото е рамничарско на надморска височина од 390 метри. Денес, селото е скоро целосно споено со соседното село Глуво. Бразда претставува најјужно село на Скопска Црна Гора, сместено во долината на Бањанска Река, а во нејзиниот атар се спојуваат Бањанска и Кучевишка Река.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 204 - 4/2022. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.