Рубрика: Историја и археологија
Вардарски рид
Автор: Оливер Бранковиќ
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На локалитетот Вардарски Рид се наоѓа градот Гортинија?

Откриен е дел од градот во кој живеел плебсот, народот кој со Александар III Македонски го освои тогашниот свет, сè до Индија. За нивниот висок дострел во културата говорат наодите како што се плоштадот со фонтана, раскошните живеалишта со богати подвижни наоди, две совршено сочувани кади - единствени такви откриени во Р. Македонија и други наоди.

Македонската историја, како што напиша нашиот реномиран археологот Паско Кузман, не може поинаку да се третира, освен како историски континуитет, од создавањето на името Македонија до ден денес. За жал, нашата историска мисла до пред десетина години речиси сосема ја запоставуваше античката компонента во развојот на македонскиот народ.

Од друга страна, едно од најисполитизираните теми во историската наука беше и сè уште е прашањето за  етничката припадност на античките Македонци. Оттука произлегува и сложеноста на прашањето - што биле, всушност, античките Македонци?

Најновите сознанија на нашиот врвен стручњак за античка историја, д-р Наде Проева, професор на Филозофскиот факултет на Катедрата по историја, базирани врз интердисциплинарни  проучувања, говорат дека Античките Македонци биле посебен етнос, со политичко уредување, култура, религија, обичаи и уметност, кои се разликувале како од Хелените така и од Илирите и Тракијците. Исто така д-р Наде Проева, истражувајќи ја нивната етногенеза, прва дојде до заклучок  дека  една од  главните компоненти во нивната етногенеза биле Бригите (Фригите), што исто така ги разликува од Хелените и другите антички етноси.

Од она што можеше да се спаси и истражи пред багерите и нашата глупост да го срамнат овој дел од градот, беа исклучително значајни наоди, кои, дел се во гевгелискиот музеј (подвижните), а останатите (неподвижните) се само во фото и видео документација

Потврдувањето на овие тези, одговорот за името што го имаме и воопшто проучувањето на нивната  историја, покрај малубројните пишани извори, според д-р Проева, не е можно без археолошки истражувања, од проста причина што Античките Македонци се издвоиле како посебен етнос токму во железното време!

За разлика од темелните археолошки истражувања во соседна Р. Грција на територијата на која живееле Античките Македонци, во Р. Македонија археолошки истражувања се вршат само на еден локалитет чии денешни остатоци потекнуваат од нивното време. Тоа е локалитетот Вардарски Рид кај Гевгелија, од каде можеме да добиеме значајни одговори за нивната историја, култура, религија, уметност, економија и др. Останатите многубројни локалитети, меѓу кои се  Хераклеја, Лихнидос, Стоби, Скупи и др. се со археолошки остатоци, пред сè, од римскиот период.

Кој бил градот што се простирал на локалитет Вардарски Рид, кој во античкиот период припаѓал во долномакедонската област Амфакситида и бил на растојание од околу 100 km од македонската престолнина Пела?

Клучни зборови:
На локалитетот Вардарски Рид се наоѓа градот Гортинија?

Д-р Наде Проева тргнувајќи од сознанијата за положбата на античките градови Добер кај Валандово, Идомене на локалитетот Исар Марвинци и по откривањето на миоказот кој посочува дека Аталанта се наоѓала на античкиот пат Виа Игнација, го застапуваше гледиштето дека на локалитетот Вардарски Рид се наоѓа градот Гортинија

Од она што можеше да се спаси и истражи пред багерите и нашата глупост да го срамнат овој дел од градот, беа исклучително значајни наоди, кои, дел се во гевгелискиот музеј

Од она што можеше да се спаси и истражи пред багерите и нашата глупост да го срамнат овој дел од градот, беа исклучително значајни наоди, кои, дел се во гевгелискиот музеј (подвижните), а останатите (неподвижните) се само во фото и видео документација

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.