Омнибус

Сателитот на Јупитер-Европа има дебела ледена покривка;
Роботска мува;
Последици од престој во вселената;
HP PSC 750;
Откриено кафеаво џуџе кое орбитира околу ѕвездата LHS 2397a;
38-ма смотра на младите истражувачи од Република Македонија;
Календар на меѓународни КБ натпревари;
20.000 милји под морето;
Напонска заштита Protex 3;
Trimble CrossCheck GSM;
Најмалиот проектор на светот;
Безжичен ендоскоп;


Автомобилска техника

Автомобилот за 2002 година во Македонија, овојпат во верзија со пет врати, бензиски мотор од 1,4 литри и највисоко ниво на опременост Sol, вистински ја покажува силата на марката Toyota, која од првото претставување на Corolla, во 1966 година, па до сегашната деветтата генерација на најпродаваниот светски автомобил, зад себе има 29 милиони продадени примероци.


Автомобилска техника

Правилното нагодување на точката на палење е од извонредно големо значење за лесно стартување, правилна работа, и оддавање на целокупно расположливата моќност на моторот. Накратко ќе дадеме одговор на неколку прашања: што се подразбира под поимот точка на палење, во што се состои неговото значење, како работат уредите за автоматска корекција на точката на палење, како се нагодува точката на палење…


Автомобилска техника

Можноста со исклучителна леснотија да се надминат секогаш фрустрирачките градски сообраќајни метежи, во комбинација со технички достигнувања кои формираат концепциски сосема нов спој на позитивните карактеристики на управувањето со возила со две и четири тркала е основната идеја на најновиот Реноов пристап во создавањето на урбано патничко возило за 21-от век.


Автомобилска техника

Автомобилскиот пазар во Македонија стана побогат за уште еден автомобил и тоа токму во најдостапната и најпродаваната класа. Seat Ibiza се претставува со најновата петта генерација, односно трета генерација која ја користи поддршката на Volkswagen.


Аеронаутика

Првичната импресија, која се добива веднаш по површното разгледување нз расположливите информации, е дека категоризирањето на ова летало, како и процесот на неговото именување на конструкторите им задале далеку повеќе потешкотии отколку, да речеме, решавањето на секогаш сложените и макотрпни аеродинамичко-технички проблеми.


Астрономија и астронаутика

Класичната претстава за Меркур е дека тој е еднолична карпеста планета прошарана со безброј кратери, која е здодевна за проучување. Но, новите сознанија добиени со повторно испитување на фотографиите добиени од мисијата на Mariner 10 потполно ја побиваат оваа предрасуда. Претстојните две мисии кон Меркур најверојатно ќе ја зголемат неговата популарност помеѓу научниците и вљубениците во астрономијата.


Електроника

Алармот кој е прикажан на овие страници дозволува неколку начини на управување. Секој конструктор ќе си одбере свој начин според потребите и можностите, а ќе може да избира помеѓу далечинска команда, кодирана брава и скриен прекинувач. Алармот можеби ги нема удобностите што ги имаат специјалните фабрички аларми, но ги има сите основни функции што треба да ги поседува за да може да ја изврши својата задача.


Електроника

Генераторот на звук што ви го нудиме може да произведе до 256 различни звуци на сирени, вклучувајќи ги и популарните сирени Kojak, FBI и Hawaii. Компактната и лесно вградлива изведба е како создадена за примена со алармни уреди, разни видови возила и сл.


Електроника

На пазарот може да се најдат најразлични приврзоци, пенкала и запалки во кои е вградена светлечка диода (LED) со висока ефикасност. Овие приврзоци (пенкала, запалки) се користат како помошно осветлување во неосветлените влезови кога е потребно да го пронајдеме прекинувачот за светлина, да ја пронајдеме клучалката од вратата, да прочитаме некој натпис на врата или бројот на станот и слично. Но главен недостаток на овие приврзоци е малиот капацитет на батериите кои се користат за напојување.


Електроника

Добивање на симетричен напон за напојување од несиметричен може да се постигне со едноставна врска на неколку елементи.


Електроника

CMOS – интегрираните кола можат да работат на исто напојување како и стандардните TTL интегрирани кола, што значи 5V. Меѓутоа, иако логиката им е компатибилна, непосредното поврзување на овие интегрирани кола во повеќето од случаите не е можно, бидејќи CMOS колата се напонски елементи, додека TTL колата се струјни елементи.


Електроника

Проверка на исправноста на некој LCD дисплеј или утврдување на неговите приклучоци не е воопшто тешко ако ги следите упатствата дадени овде.


Информатика

Замислете ваква ситуација: Сте добиле задача да сработите нешто на компјутер. Ви ја објаснуваат внимателно задачата и програмата со која тоа треба да го направите. Со претпоставка дека во вашата глава се крие исклучително голем мозок, кој секако, го користите само во специјални пригоди – вие сте разбрале сè. Нема проблем.


Информатика

Матичната плоча хардвер неопходен за секоја компјутерска работна станица, главен крстопат и насочувач на сите обработени информации. Многумина не го знаат основниот концепт на комјутерскиот систем па затоа овој текст сфатете го како воведно објаснување на хардверските делови на еден компјутерски систем, а воедно и како краток совет при изборот и одржувањето на истиот, како и моја препорака при изборот на хардверот.


Информатика

Болно е кога ќе снема електрична енергија додека пишувате некој текст, програма или внесувате податоци во вашиот PC. Сигурно сте го имале тоа лошо искуство. Резултатот на тоа се оштетени фајлови, изгубени документи, а најмногу од сè нервоза и пропратниот израз "леле...!". Овој пат накратко ќе ве запознаеме со системите за непрекинато напојување на POWERWARE и нивните можности.


Информатика

Во денешно време преносните компјутери се произведуваат во најразлични големини и облици. Во класата на лаптопи кои уште се нарекуваат и "десктоп-замени" и буквално поседуваат сè што поседува еден десктоп-компјутер, спаѓа и моделот Toshiba Satellite 1905-S277.


Телекомуникации

За RDS-от веќе е пишувано во ЕМИТЕР (бр. 7-8/99) и тогаш детално беше објаснет начинот на создавањето и емитувањето на RDS сигналот. Во овој текст повеќе ќе се задржиме на објаснување на RDS функциите и придобивките од нивната примена во секојдневното користење на радиоприемниците со вграден RDS декодер.


Фототехника

Од пред две години започна трендот за изработка дигитални фотоапарати со минијатурни димензии, помали од кутија за цигари, а ова ни е првпат да имаме прилика во нашата редакција да тестираме еден таков производ. BENQ-евата Digital Camera 300 mini, всушност, претставува најмалиот претставник од гамата дитални фотоапарати од фирмата BENQ.


Екологија

Во овој напис презентирани се основните типови на пејзажниот диверзитет на Пелистер. Притоа посебно се презентирани позначајните типови на пејзажот и тоа: речен, езерски, крајбрежен, клисурест, пасторален, шумски и планински тип и истите се илустрирани со фотографии. Исто така е потенцирано нивното значење за развојот на еколошкиот туризам кај овој екосистемски комплекс.


Макетарство и моделарство

Во овој дел по ред одиме со составување на трупот, монтирање на крилата, вратите, роторите. Потоа се занимаваме со сите минорни но значајни детали и на крај се занимаваме со дотерување на површината и комлетирање на макетата.


Метеорологија

Еден од начините за добивање на комплетна, софистицирана, професионална информација за хидрометеоролошките состојби, е користење на услуги во мрежата на сервисот DTN Kavouras. Овој сервис обезбедува "инфраструктура" која го опфаќа целиот процес, од начин за брз пристап до податоци, па до лесна изработка на мултимедијална и тридимензионална презентација.


Математика

Во мајскиот број на ЕМИТЕР поставивме четири задачи кои што требаше да ги решите и да ни ги испратите вашите решенија до крајот на месецот. За оние читатели кои што пробале да решаваат и наишле на извесни тешкотии, како и за оние кои што ги интересира како се решаваат тие задачи го објавуваме нивното решение, кое што може да им послужи како помош и идеја за решавање на задачите кои што ќе следуваат понатаму.


Геодезија

Државната граница е рамнина која вертикално ја сече Земјината површина и ги дели воздушниот простор и просторот под земја меѓу две држави. Државната граница не е само географски, туку и правен, политички, геодетски, економски, воено - стратегиски и психолошки феномен. Со оглед на тоа што границата на Република Македонија е граница до каде постои нејзиниот државен суверенитет и територијален интегритет, одредувањето и обележувањето на граничната линија е од особено значење.


Столарство

Дрвено столче на расклопување преставува дел од трепзариската програма и овозможува ново доживување на просторот каде живеете и одмарате. Секој може да го изработи, столчето користејќи едноставни алатки. Економично е и има едноставна изведба.


Астрономија и астронаутика

Денес се верува дека повеќе од 100 000 објекти се наоѓаат во просторот помеѓу Марс и Јупитер – во т.н. "астероиден појас". Дали тие претставуваат остатоци од дамнешна планета која се распаднала или се само "огромни карпи" кои не успеале да се претворат во планета? И каква ли ќе биде иднината на овие небески тела кога до нив ќе стигнат првите астронаути?


Аудио и видеотехника

Луѓето од дамнина можеле и на примитивен начин да нацртаат некоја слика како спомен на настаните од нивниот живот. Меѓу другото, за тоа сведочат и цртежите во пештерите. Подоцна се создадени уметнички слики кои пленат со својата верност во однос на стварноста. Оваа желба да се зачуваат значајните моменти од животот се протегала и на човечкиот говор, а потоа и на музиката, за можноста повторно да се слуша кога ќе се посака. Во овој напис е прикажан начинот на којшто овој сон стана стварност како и неминовните технолошки подобрувања во техниката и методите на зачувување на аудиозаписот од почетокот до денес.


Аудио и видеотехника

За звучните кутии од типот на трансмисиона линија (transmission line – TL) кај аудиофилите владее уверување дека имаат фантастични својства, супериорни над сите други видови звучни кутии. Покрај сите претерувања и бујната фантазија, како и кај секоја бајка, и тука има по некое зрнце вистина. Верувам дека овој проект на звучна кутија од типот на трансмисиона линија ќе им овозможи на аудиофилите да ги дознаат нејзините предности и недостатоци.


Електроника

Сакате ли да направите домашно кино, добар аудио засилувач за TV, CD PLAYER, TUNER со сите барања за Hi-Fi: со низок шум, мали хармонички изобличувања, голема излезнз моќност и ниска цена? Сето тоа ќе ви го овозможи интегрираното коло TDA7295. А доколку сакате поголема моќност (100W) наместо TDA7295 можете да го употребите ИК TDA7294.


Историја и археологија
На локалитетот Вардарски Рид се наоѓа градот Гортинија?

Откриен е дел од градот во кој живеел плебсот, народот кој со Александар III Македонски го освои тогашниот свет, сè до Индија. За нивниот висок дострел во културата говорат наодите како што се плоштадот со фонтана, раскошните живеалишта со богати подвижни наоди, две совршено сочувани кади - единствени такви откриени во Р. Македонија и други наоди.


Медицина
Power Doppler сонограм на слезенска  вена (v.lienalis), мезентеријална (a.mesenterica sup.) артерија и големата долна шуплива вена (v.cava inferior).

Ехотомографијата која се базира на обојување на струјните текови на крвните садови, прикажувајќи ја нивната брзина со различни нијанси на бои се вика "Color Doppler” ехотомографија. Методата овозможува проценка на крвоснабденоста на органите, мониторирање на крвни протоци и одредување на спектарот на проток низ одреден крвен сад. Движењето на крвта во правец кон трансдјусерот (сондата), резултира со црвено пребојување, додека движењето во обратен правец дава пребојување со сина боја.


Архитектура и градежништво

Светскиот трговски центар во Њујорк претставуваше комплекс на згради со две административни кули (кулите-близначки), и уште четири споредни згради (8 до 10 спратни) кои беа распоредени околу кулите и формираа една целина. За Светскиот трговски центар во Њујорк, за двете кули - близначки кои го допираа небото над Њујорк, ќе изнесеме некои интересни детални податоци во однос на димензиите, градбата, функционалноста и сл. кои досега не сте ги знаеле. Секако, и за техничките причини за рушење на кулите по ударот на двата авиони на 11 септември 2001 година.


Географија
Железничката станица во Градско

Во Македонија железничките линии започнале да се градат по 50 години од нивната појава во Англија. Тогаш турската власт имала интерес за железница, бидејќи се стремела економски да се поврзе со Средна и Западна Европа. Така, во 1869 година бриселскиот банкар баронот Хирш добил концесија од турските власти за изградба. До изградбата на железницата во 1873 година, сообраќајот и транспортот во етничка Македонија се вршел по суво и по вода. Железничките линии во Македонија имале огромно значење, кои извршиле револуционерен пресврт во сообраќајот.


Писма
Теорија за телекомуникациите
Не ми работи on board испитувачот на транзистори