Рубрика: Медицина
Color Doppler ехотомографија
Автор: Петар Аврамовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Power Doppler сонограм на слезенска  вена (v.lienalis), мезентеријална (a.mesenterica sup.) артерија и големата долна шуплива вена (v.cava inferior).

Ехотомографијата која се базира на обојување на струјните текови на крвните садови, прикажувајќи ја нивната брзина со различни нијанси на бои се вика "Color Doppler” ехотомографија. Методата овозможува проценка на крвоснабденоста на органите, мониторирање на крвни протоци и одредување на спектарот на проток низ одреден крвен сад. Движењето на крвта во правец кон трансдјусерот (сондата), резултира со црвено пребојување, додека движењето во обратен правец дава пребојување со сина боја.

Методата се базира на физичката закономерност наречена Доплеров ефект, пронајдок на Австрискиот физичар и математичар Кристијан Јохан Доплер (Christian Johann Doppler 1803-1853).

Доплеровиот ефект ја дефинира  промената на фреквенцијата, кога звучниот извор и слушателот се наоѓаат во меѓусебно движење. Слушателот го восприема звукот со зголемена фреквенција (повисок тон) кога се придвижува кон емитерот. Кога емитерот и слушателот се оддалечуваат еден од друг, примениот тон се слуша како понизок, заради намалување на фрекфенцијата.

Иако е пронајден уште во 1842 година, Доплеровиот ефект за првпат бил применет дури во 1930, кај радарите. Закономерноста на Доплеровиот ефект важи за сите видови бранови, а не само за звучните. При меѓусебно приближување на емитерот и реципиентот, видливиот дел од светлината се придвижува кон ултравиолетовиот.

Спектрограм  на хепатална вена во Color Doppler техника. Протокот е бидирекционален со крвно струење над и под базната линија. Заради промени во амплитудите и морфологијата на брановите во спектарот, спектрограмот е патолошки и означува застоен црн дроб поради десно срцева слабост т.н. “hepar cardiacum”.

По аналогија со сивата скала кај конвенционалната ехотомографија, кај Колор Доплер ехотомографија се појавува скалата во боја со своите нијанси - слика 2. Најниските позитивни Доплерови фреквенции се прикажани со темно црвена боја, одејќи нагоре кон повисоките фрекфенции се менува кон посветли нијанси, за на крајот да премине во светли жолти нијанси, кои одговараат на најголемите брзини на проток.

Кодирањето со боја на крвниот тек (color map) дава проценка на реологијата и протокот низ крвниот сад, турбулентноста и брзините на протокот. Поголема процена на брзината на крвниот сад и дистрибуцијата на множеството на брзини низ крвниот сад, дава спектралната анализа.

Постојат неколку вида Доплер техники: Континуиран Доплер (Continius Doppler), Пулсен Доплер (Pulse repetition Doppler), Колор доплер (Color Doppler) и Моќен  Доплер  (Power Doppler)

При работа со Доплеровите техники, потребно е добро познавање на класичната ехотомографија. Методата овозможува проценка на крвоснабденоста на испитуваниот орган (vascular color map). Добиениот податок е користен за откривање на воспалителни процеси на црниот дроб, бубрезите, панкреасот и откривање на крвоснабденоста на цревата.

Клучни зборови:
Power Doppler сонограм на слезенска  вена (v.lienalis), мезентеријална (a.mesenterica sup.) артерија и големата долна шуплива вена (v.cava inferior).

Power Doppler сонограм на слезенска вена (v.lienalis), мезентеријална (a.mesenterica sup.) артерија и големата долна шуплива вена (v.cava inferior). Спектрална анализа на протокот е направена со земање на “sample volume” во центарот на a. mesenterica sup. при PRF од 6kHz. Деловите на спектарот кои се “отсечени” претставуваат артефакт наречен “aliasing”.

Спектрограм  на хепатална вена во Color Doppler техника.

Спектрограм на хепатална вена во Color Doppler техника. Протокот е бидирекционален со крвно струење над и под базната линија. Заради промени во амплитудите и морфологијата на брановите во спектарот, спектрограмот е патолошки и означува застоен црн дроб поради десно срцева слабост т.н. “hepar cardiacum”.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.