Рубрика: Аудио и видеотехника
Историја на механичкиот запис
Автор: Миле Серафимовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Луѓето од дамнина можеле и на примитивен начин да нацртаат некоја слика како спомен на настаните од нивниот живот. Меѓу другото, за тоа сведочат и цртежите во пештерите. Подоцна се создадени уметнички слики кои пленат со својата верност во однос на стварноста. Оваа желба да се зачуваат значајните моменти од животот се протегала и на човечкиот говор, а потоа и на музиката, за можноста повторно да се слуша кога ќе се посака. Во овој напис е прикажан начинот на којшто овој сон стана стварност како и неминовните технолошки подобрувања во техниката и методите на зачувување на аудиозаписот од почетокот до денес.

Оваа желба да се зачуваат значајните моменти од животот се протегала и на човечкиот говор, а потоа и на музиката, за можноста повторно да се слуша кога ќе се посака. Тоа бил сон кој го сонувале луѓето долго време пред да се создадат технички услови за тоа. Прв таков познат сонувач е францускиот поет Сирано де Бержерак, познат преку истоимениот роман на Едмон Ростан (кој е и филмуван); Тој уште во седумнаесетиот век во една своја песна за некаков глас од месечината замислува некоја мала кутија, која е можеби од метал, како книга, која е направена за уши, а не за очи и, ако некој посака да ја чита, кога ќе ја отвори ќе почнат да излегуваат, како од човечка уста или од музички инструмент, разбирливи и различни звуци.

Овој поетски сон беше остварен дури 1877 год. кога Томас Алва Едисон ги даде скиците за еден уред за запис на цилиндар и неговата практична реализација со записот на рецитацијата ‘Mary Had A Little Lamb’. Машината ја нарече Фонограф (Phonographe), што преведено од грчки значи “запишувач на звукот”.

Кратка историја на фонографот
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.