Рубрика: Аудио и видеотехника
Тајната на сјајниот диск
Автор: Ристо Даскалов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


До пред само петнаесетина години грамофонот беше единствената сериозна направа која се користеше за репродукција на музика во нашите домови, дискотеките и радиостаниците. Но денес, освен за ретките вљубеници и носталгичари, грамофонот и винилот полека но сигурно му се препуштаат на заборавот. Причината за ваквиот неславен крај на аналогниот крал на сите ни е повеќе или помалку добро позната. Сјајниот диск од алуминиум и прозирна пластика не само што со молскавична брзина го замени винилот и ја измени од корен аудио индустријата, туку се чини дека е на добар пат да го измени се она што ни било досега познато, нас самите па ако сакате и светот. 

До пред само петнаесетина години грамофонот беше единствената сериозна направа која се користеше за репродукција на музика во нашите домови. Неговата употреба не беше ограничена само на домашна атмосфера, туку беше застапен и неизоставен дел на студиската техника. Неговата моќ за високоверна репродукција на снимените материјали се чинеше дека му го гарантира местото на тронот уште долго, долго време. Се разбира и тогаш постоеа и други носачи на звук и соодветни уреди за репродукција на секој од нив, меѓутоа ниеден од овие формати не можеше да му конкурира на грамофонот и грамофонската плоча особено во областа наречена аудиофилија. Дури и денес кога работите се битно изменети, во аудиофилските кругови често се слушаат полемики околу тоа дали винилот е надминат или не? 

Како и да е, ако ги заобиколиме оние носачи на звук и уреди за нивна репродукција кои поради различни причини останаа составен дел исклучиво на студиската техника (магнетофонот и магнетофонската лента), или оние кои никогаш не спаѓале во вистински квалитетни формати (касетофонот- колку и да е квалитетен и компактната касета), сам по себе ни се наметнува заклучокот дека немало потреба да се случи она што знаеме дека се случи. Освен за ретките вљубеници и носталгичари, грамофонот и винилот што живот значи откако ја испишаа и последната страница од својата славна историја, полека но сигурно му се препуштаат на заборавот. Причината за ваквиот неславен крај на аналогниот крал на сите ни е повеќе или помалку добро позната.

Сјајниот диск од алуминиум и прозирна пластика не само што со молскавична брзина го замени винилот и ја измени од корен аудио индустријата, туку се чини дека е на добар пат да го измени се она што ни било досега познато, нас самите па ако сакате и светот. Новите генерации, ако тоа веќе се нема случено, грамофонот, винилот и целата аналогна аудио технологија ќе можат да ја видат само како експонат во некој индустриски музеј каде ќе бидат изложени овие антиквитети од дваесетиот век.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.