Токму на преминот од старата во новата 1998 година, нашиот аудио пазар беше збогатен со уште еден производител на звучници, звучнички системи и електроника. Станува збор за реномираната американска фирма BOSE. Во вид на Новогодишен поклон, пред македонските потрошувачи, за првпат во организирана продажба, беше претставена целокупната гама на BOSE, која опфаќа производи за сечии џеб и вкус. По исчезнување на двајцата дистрибутери за TANNOY, на нашиот пазар се почувствува сериозен недостаток од квалитетен производител на звучни кутии, чија програма опфаќа како производи за домашна употреба, така и производи за професионална употреба. Познавачите на аудио техниката можат да потврдат, дека одговорот во вид на BOSE е вистински погодок.