Емитер 5/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Секој има потреба да сними некој важен телефонски разговор на која било тема, на пример со некој близок (за да му остане зачуван како драг спомен), или пак некој разговор со стручна тематика (кој обично брзо се заборава). Имено, од таа гледна точка тргнав и јас, па го изработив овој уред кој повеќе време е во функција и се покажа како мошне корисен. Намената на овој уред е исклучиво во контекст со претходното образложение, но некои повешти електроничари можат да го применат и за поткраднување и снимање на туѓи телефонски разговори што јас го квалификувам како неморално.
Овој уред работи потполно автоматски т.е. уредот се вклучува автоматски со подигање на слушалката со одредена инерција од околу 1s и снима сѐ додека се разговара по телефон т.е. додека телефонската линија е отворена. По спуштањето на телефонската слушалка се исклучува со оредена инерција од околу 1s. Се вклучува автоматски не само при наш повик, туку и при прием на повик со самото подигање на слушалката. Во текот на разговорот уредот можеме по желба да го исклучиме и вклучиме.
При проектирањето на овој уред внимавав да биде што е можно поедноставен (да може секој да го изработи), да е функционален, да ги задоволува потребите за кои е наменет, да не генерира пречки во телефонската мрежа, да не ја оптеретува дополнително телефонската линија и елементите со кои е изработен лесно да се достапни за секого кој ќе посака да го направи.
По изработката ќе се изненадите и самите од потребата на овој уред и од неговата функционалност. Ви пожелувам успех во изработката.
Напомена: Користете го уредот исклучиво за својата намена
ИК: LM741
Релеј: HB3-DC12V
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.