Рубрика: Електроника
Мерач на индуктивност
Автор: Влатко Костадиновски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Мерачот на индуктивност е значаен инструмент кој треба да го има една работилница за електроника, а особено им е потребен на оние коишто се занимаваат со градба на уреди кои меѓу другото содржат и по некоја намотка. Ние ви нудиме адаптер за мерење индуктивност којшто едноставно се приклучува на дигитален мултиметар (DMM). Опсегот на мерење е од 3µH до 7mH во два опсега. Во првиот опсег можни се мерења од 3µH до 500µH, а во вториот опсег од 100µH до 7mH.

Во основа адаптерот работи така што кога на влезните терминали ќе приклучиме индуктивност, на излезните терминали ќе добиеме DC напон којшто може да се измери со ДММ. Аналоген инструмент не може да се користи заради неговата ниска влезна отпорност.

При употреба на истиот, мерното подрачје на ДММ секогаш треба да биде 2V. Во првиот опсег ("LO") можат да се измерат вредности помеѓу 3µH и 500µH, а дисплејот на ДММ ќе покажува 0.003V, односно 0.500V. Во вториот опсег ("HI")можат да се измерат вредности помеѓу 100µH и 7mH, а дисплејот тогаш ќе покажува 0.010V, односно 0.700V. Во овој случај треба да ја замислиме децималната точка поместена за едно место на десно, па прикажаниот резултат ќе одговара на вредноста на намотката во mH.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК914

ИК: LM78L05, 74HC132
еднополен прекинувач и двоен преклопник за две положби
крокодил штипалки
буксни

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.