Емитер 12/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Додека ги опишувавме деловите на примопредавателот за 2m радиоаматерско подрачје, спомнавме дека поставувањето на фреквенцијата на PLL-от е можно да се направи со помош на додатен уред. Тој додатен уред ќе ја замени употребата на BCD кодните прекинувачи и ќе овозможи претставување на фреквенцијата на LED дисплеи во вид на канали. Таквиот уред, наречен контролен модул, овозможува и искористување на SCAN контролата која ја нуди интегрираното коло MC3357. Како што еднаш спомнавме, употребата на овој модул е еден вид комфор при ракувањето со комплетниот примопредавателен уред. Исто така во овој број ќе направиме финално обединување на уредите објавени во претходните броеви на ЕМИТЕР, со цел да добиеме комплетен примопредавателен уред за 2m.
Срцето на контролниот модул го сочинуваат два UP/DOWN бројачи CD4029 (IC4 и IC5). Со нивно контролирање се врши и контролирање на севкупниот примопредавателен уред. За да се обезбеди соодветен такт (Clock) за овие бројачи, искористен е астабилен мултивибратор, кој го сочинуваат третата и четвртата порта на IC1 (CD4001).
Oвој модул овозможува и SCAN контрола. Оваа контрола овозможува т.н. сканирање, односно автоматско барање на активни сигнали долж фреквентниот опсег. При своето барање, кога уредот, поточно приемникот ќе наиде на одреден радио сигнал, тој се задржува на фреквенцијата каде што тој сигнал постои.
Прикажаниот уред е најпростата можна конструкција на современ примопредавател за VHF подрачје, заради тоа што не е потребно којзнае какво нагодување, а проработува “од прва”. Кај Владо Z32KW, целиот уред работеше поставен на работна маса, надвор од кутија. И во такви услови уредот покажуваше одлични карактеристики. Младен (Z31CQ) од Тетово веќе има направено неколку вакви уреди, а нагодувањето на истите главно го има правено експериментално при одржување на радио врска со други радиоаматери. Неговиот прв изграден уред и денес активно го користи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.