Носталгијата по лампите, на која сме сведоци веќе низа години, не е само носталгија за старото, убавото од младоста, за она врз кое времето оставило патина, неизбришлив и драг белег, туку се јавува како потреба која треба да го задоволи денес изострениот вкус и кај пошироката публика, а да не зборуваме за луѓето што се врзани професионално за процесот на слушање. Впрочем, звукот добиен од лампите е поблизок до она што сака да го слуша увото.