Емитер 12/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во претходниот број се запознавме со конструкцијата на овој засилувач како и со конструкцијата на помошните кола: изворите за напојување, DC заштитата со задоцнето вклучување на звучниците и склопот за управување со вентилаторот. Исто така беа дадени и списоците на потребниот материјал за сите модули и карактеристиките на излезните транзистори. Во овој дел од написот следат упатствата за изработка на засилувачот и негово пуштање во работа и нагодување.
Прикажаниот засилувач е изработен онака како што е овде опишан уште пред неколку години, врз основа на проектот "Crescendo" од списанието Elektor. Квалитетот и сигурноста на засилувачот ја подобрив со додавање на опишаните помошни кола, а при пишувањето на написов ги внесов и сопствените повеќегодишни искуства во изработка на моќни засилувачи. Овој стерео V-MOSFET излезен засилувач неколку години е во експоатација и е користен при забави, дочеци на нови години и многу други прослави и воопшто не покажал ама баш никакви недостатоци.
Излезна синусна моќност:
140W / 8Ω (THD<0,01%, B=20Hz - 20kHz)
180W / 4Ω (THD<0,01%, B=20Hz - 20kHz)
Максимална синусна моќност:
180W / 8Ω
250W / 4Ω
Фреквенциска карактеристика:
4Hz - 160kHz (+0/-3dB)
Хармониски изобличувања (THD): <0,01%
Влезна осетливост (Uin): 1Vrms за 130W / 8Ω
Влезна отпорност: 25 kΩ
Однос сигнал-шум (S/N): >100dB
Опции: заштита од DC напон, задоцнето вклучување на звучниците, сензор за температура, автоматско вклучување на вентилатор.
Транзистори: 2SK135, 2SJ50, BF470, BF469
Грецови мостови: 200V/25A
Трансформатори: 50V/6A или 50V/10A
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.