Емитер 5/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Љубителите на Hi-Fi репродукција кои изградиле стерео аудиозасилувач според некој од многуте проекти објавени во претходните броеви на ЕМИТЕР, и сакаат да го дополнат својот засилувач со предзасилувачки степен со коректор за ниски и високи фреквенции, решението ќе го најдат во овој напис.
Класичните стерео предзасилувачи со регулација на засилувањето и со корекција на фреквентната крива на ниски и на високи фреквенции, вообичаено се реализирани со директна интервенција врз напонот на аудиосигналот преку R-C компоненти, а регулацијата се прави на принцип на делители на напонот на аудиосигналот со употреба на “стерео” потенциометри, всушност два потенциометри, еден за левиот, еден за десниот канал, спрегнати на заедничка оска. Ваквата концепција го прави предзасилувачот/коректор покомплициран за самоградба, а начинот на регулација со директна интервенција врз аудиосигналот нуди поскромни перформанси за квалитет. Меѓутоа, поинаку стојат работите кај предзасилувачот/коректор којшто ви го предлагаме за самоградба во овој напис. Тој користи едно стерео интегрирано коло специјално дизајнирано со вградени засилувачи од типот VCA (Voltage Control Amplifier – во превод, напонски контролиран засилувач), па регулацијата на сите функции се сведува на делување врз напонот за нивна контрола, без директна интервенција врз напонот на аудиосигналот. Тоа овоможува употреба на единечни “моно” потенциометри за регулација, и тоа еден за двата канала. Поради тоа овој предзасилувач/коректор е поедноставен за самоградба и нуди подобри перформанси во споредба со класичните склопови.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.