Емитер 3/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Предмет на овој напис се едностепените нискофреквенциски засилувачи наменети за засилување на аудиосигналите. Овде се обработени засилувачи со дискретни елементи, кои претставуваат основа за разбирањето на функцијата и карактеристиките на нискофреквенциските засилувачи. Неспорно е дека денес имаме голем избор на интегрирани нискофреквенциски засилувачи во кои се применети сите овде опишани принципи.
Во групата сигнали за кои е потребно значително засилување спаѓаат и аудиосигналите. За нивното засилување е потребен синџир од засилувачи, затоа што изворите на аудиосигналите имаат мала амплитуда и моќност. Овие сигнали спаѓаат во групата нискофреквенциски сигнали во опсегот од 20Hz до 20KHz. Нивната фреквенциска карактеристика е прикажана на слика 1. Во однос на фреквенцискиот опсег, освен аудиозасилувачите, постојат и засилувачи на високофреквенциски сигнали од радиофреквенцискиот дел на електромагнетниот спектар, засилувачи на сигнали со тесен опсег на фреквенции, наречени селективни засилувачи, засилувачи на сигнали со широк опсег на фреквенции и засилувачи на сигнали со микробранови фреквенции. Основните извори на аудиосигналите се микрофоните, но како извори се сметаат, на пример, излезот од детекторот на АМ или ФМ-сигналите во суперхетеродинските радиоприемници, грамофонските, магнетофонските или CD главите за репродукција. Задачата на засилувачот е да дава одредено засилување и да обезбедува приспособување на неговата влезна и излезна импеданса со импедансите на изворот на влезниот сигнал и на оптоварувањето. Што се однесува до нивната физичка изведба, засилувачите можат да бидат изведени со дискретни елементи или во интегрирана форма. Кај засилувачите со дискретни елементи, активните и пасивните елементи на засилувачот се наредени на плочка од пертинакс, витропласт или некој друг сличен материјал, на која се направени печатени врски. Интегрираните засилувачи имаат вградени активни и пасивни елементи во заедничко куќиште со една од постапките на интегрирање. Тие имаат форма на интегрирано коло со повеќе ножички. Каскадата засилувачи на аудиосигналите е составена од еден или повеќе засилувачи на мали сигнали и засилувач на големи сигнал. Првите се наречени предзасилувачи, потоа следуваат побудните засилувачи, а последните се излезни засилувачи. Рубриката "Школа за електроника" е наменета за електроничарите-почетници, но многу корисни работи во неа ќе најдат и оние понапредните. Затоа слободно, преку писмо или e-mail, поставете ги прашањата што ве мачат и предложете ги темите од електрониката за кои сакате да читате на овие страници.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.