Можеби пробивот на соларните ќелии на пазарот ќе нé предводи до една фотонапонска ера, каде што обичниот корисник на мобилен телефон ќе се снабдува со потребната енергија исто како и една фабрика за челик. Но, доколку ова не се случи, а најверојатно и нема, тогаш повеќе технологии, како нуклеарната, биоенергијата, водородот и соларната ќе треба со заеднички сили да нé водат низ потребното, чисто (нискокарбонско) и квалитетно енергетско снабдување.