Рубрика: Електротехника
Постапки за мерење на отпорноста на заземјување (1)
Автор: Златко Николовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Споменатава проблематика за која ќе стане збор во наредните неколку броја на ЕМИТЕР, ќе има за цел едукација на читателите за важноста на отпорноста на заземјувањето во електричните инсталации. Мислам дека оваа актуелна тема се наметнува поради строгите пропишани европски безбедносни мерки, а за кои верувам дека во блиска иднина ќе станат и наше секојдневие. Целта е подобрување на сигурноста во електричните инсталации, заштита на човечкиот и материјалниот фактор, а клучен објективен фактор за тоа е исправна заземјувачка инсталација. За таа цел, ќе стане збор за начините на изведување на заземјувачката инсталација и начините за подобрување на отпорноста на заземјување. Тежината на обработената проблематика паѓа на деталниот опис на сите мерни методи за мерење на отпорноста на заземјување, предусловите за нивна примена и добивањето на резултатите кај специфичните методи. На крај ќе бидат спомнати дел од мерните инструменти кои се користат за овие мерења.

Основна функција на заземјувачите (заземјувачката инсталација) е овозможување патека за истекување на вишокот на електрична енергија од електричната инсталација во земјата. Најчести причини за појава на оваа електрична енергија се атмосферските празнења (удари на гром врз напонските водови), како и појавите на значително привремено зголемување на напонот на напојување на електричната мрежа. Освен тоа, заземјувачите имаат заштитна задача во случаите на дефект во електричните апарати (на пример, спој помеѓу фазниот спроводник и металната шасија на апаратот која по правило секогаш е заземјена). Во таков случај тие се однесуваат како "бариера на нулти потенцијал" помеѓу опасниот напон на мрежата и човекот.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.