Емитер 3/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Sedare dolorum, divinum opus est (Да се смири болката е боговско дело). Победете ја болката. Изградете електронски стимулатор, поставете две електроди на болното место и заборавете ја болката. Уредот генерира струјни импулси кои преку кожата доаѓаат до нервните влакна кои ја пренесуваат болката, при што ги блокира импулсите на болка кои патуваат до мозокот. Погоден е за стимулација на оштетени нерви и отстранување на болки од повеќе заболувања: невралгии, лумбаго, ишијас, ревматски заболувања, артритис, мускулни и скелетни болки, воспаленија, малигни заболувања, повреди и др.
Постојат две спротивставени теории за механизмот на блокада на болката, иако не е исклучена можноста за точност и меѓусебно надополнување на двете. Се смета дека струјните импулси од TENS генераторот заемно интерферираат и ги блокираат нервните импулси на патот од рецепторите кон центрите за болка. Другата теорија е дека стимулаторот ја зголемува продукцијата на ендогените смирувачи на болка, ендогените аналгетици наречени ендорфини и енкефалини. Како и да е, едно е точно, стимулаторот функционира и ја остварува својата намена, смирување на болката.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.