Емитер 10/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, е пасиониран љубител на аудиотехниката, особено во областа на самоградба на засилувачи. Токму затоа, во летото 2011 година го посетивме претседателот Иванов во неговата резиденција и поразговаравме на тема аудиотехниката како хоби. Ова интересно интервју и репортажа го објавивме во ЕМИТЕР 9/2011, каде што читателите можеа поблиску да се запознаат со оваа помалку позната страна на нашиот претседател Иванов. Интервјуто го завршивме со неговата најава дека подготвува амбициозен проект – засилувач со огромните руски триоди GM70. Две години подоцна, повторно сме во посета кај претседателот Иванов за да ги видиме и чуеме неговите најнови самоградителски креации.
Редовните читатели на ЕМИТЕР сигурно се сеќаваат дека на изложбата "Аудиотехника – професија, страст, уметност", за која објавивме напис во бројот 5/2013, лично од страна на претседетелот Иванов беа презентирани моно-блоковите со по една триода GM70. Воодушевени од изгледот и квалитетната изработка на овие засилувачи, уште тогаш падна првичниот договор за нова средба на која подетално ќе ги разгледаме овие засилувачи, ќе поразговарме за патот до нивната реализација, а секако, и да спроведеме еден мал слушен тест. Конечно, овој план успеавме да го реалзираме во едно убаво септемвриско попладне во резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов.
Прво ги видовме големите засилувачки моно-блокови со по една триода GM70 во single-ended конфигурација, кои се сметаат за врвен дострел во аудиофилските кругови. Во ретките моменти слободно време, преседателот Иванов трпеливо го градел и го составувал овој сериозен засилувач, со кој би се гордеел секој аудиофил, па дури и најпребирливиот. Но, вистински шок (во позитивна смисла) доживеавме кога претседателот ни покажа уште еден засилувач со триодите GM70, овојпат во интегрирана верзија! Додека од звучниците течеше топлиот звук од овој засилувач, претседателот Иванов ни ги изнесуваше своите искуства во самоградбата на овие уреди.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.