Електроника

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, е пасиониран љубител на аудиотехниката, особено во областа на самоградба на засилувачи и звучници. Токму затоа, во ЕМИТЕР 9/2011 објавивме репортажа, каде што читателите можеа поблиску да се запознаат со оваа помалку позната страна на нашиот претседател Иванов. Две години подоцна, повторно сме во посета кај претседателот Иванов за да ја видиме и чуеме неговата најнова самоградителска креација – засилувачот со огромните руски триоди GM70.


Електроника

Во овој напис за првпат објавуваме конструкција на ФМ-радиоприемник со ламби, во неговата првобитна изведба, кога се појавил овој тип радиоприемници. За таков ФМ-приемник се одлучивме поради неговата технички многу интересна конструкција, која со само една ламба, двојна триода, ги обезбедува сите функции нужни за суперхетеродински тип ФМ-радиоприемник: локален осцилатор, миксер, МФ-засилувач и ФМ-демодулатор. Во овој, прв дел од написот ќе го презентираме тјунерскиот степен и напојувањето.


Фототехника

Дигиталните фотоапарати генерално се делат на аматерски и професионални. Помеѓу овие постојат и фотоапарати што премостуваат. Првите се компактни (Compact digital cameras), мали се и се наменети за масовна употреба каде што избраниот фотомомент е поважен од квалитетот на фотографијата. Големите апарати (DSLR - Digital single lens reflex cameras) се алатка во рацете на искусни фотографи и побаруваат поголемо знаење и искуство.


Информатика

Традиционално, во почетокот на септемви во Сан Франциско се случува еден од најголемите годишни настани во организација на Интел – Intel Developer Forum. Ова е место за размена на идеи меѓу програмерите и развојните инженери, место каде што тие можат да го напипаат пулсот на иднината на технологијата насочувајќи ги своите идеи кон неа. Што точно понуди овогодишниот IDF во Сан Франциско – еден нов вид процесори, нови семејства на процесори, нов вид уреди и сосема нови начини на примена на технологијата. Но, да тргнеме со ред...


Астрономија и астронаутика

На научниците им се познати два типа ѕвездени експлозии, едната т.н. нова, со помал интензитет на почетниот блесок и другата т.н. супернова, со екстремно висок почетен блесок. Во најново време ним им се придружи и трет тип ѕвездена експлозија, т.н. килонова, која според интензитетот на блесокот припаѓа некаде на средина помеѓу првите две експлозии.


Астрономија и астронаутика

По повеќе од 100 год., енигмата за причината на тунгуската експлозија, којашто се случила во 1908 год., се чини, конечно е разрешена; таа била предизвикана од експлозија на метеор, а не од комета, како што тоа досега се претпоставуваше. Тоа во најново време го утврди една меѓународна група истражувачи врз основа на досега најпрецизна направена спектроскопска анализа на постоечките примероци од тлото на регионот на експлозијата.


Автомобилска техника

Речиси како врежан камен е фактот што дизелските мотори вообичаено треба да имаат степен на компресија поголем од 18, па и 20, а во некои случаи и до 30, а бензинските мотори, поради опасноста од самопалење, не смеат да имаат поголем степен на компресија од 10 до 12. Мазда со својата Skyactiv технологија успеа да го изедначи степенот на компресија на дизелските и бензинските мотори и тој да изнесува 14. Невообичаено на прв поглед, но многу иновативно и успешно реализирано.


Електроника

Во овој број на ЕМИТЕР ќе бидат опишани две периферни компоненти кои се дел од микроконтролерот, а се користат многу често. Станува збор за каналот за сериска комуникација и EEPROM системот за запишување на податоци кои не се губат при отстранување на напојувањето на микроконтролерот.


Металство и машинство

Овој пат ќе продолжиме со објаснување на монтажата на деловите од парното греење и ќе го објасниме принципот на полнење, тестирање и пуштање во употреба. Тестирањето и пуштањето во работа на парното греење морате правилно да го направите за да не се случи несакана хаварија на системот. Со тестирањето на системот ќе направите контрола на функционалноста на уредите кои се вградени во вашиот систем, т.е. дали се исполнети функциите на уредите за коишто се наменети.


Аудио и видеотехника

Неодамна низ светот проструи веста за смртта на великанот на современата аудиотехника, Реј Долби. Тоа е човекот кој со својата творечка работа остави неизбришливи траги следејќи ги современите потреби на аудиоиндустријата и остварувајќи значајни пионерски зафати на високософистициран начин.


Информатика

Најавена е нова верзија на оперативниот систем Андроид – моментално најраспространетата мобилна платформа. Но наместо очекуваното име Key Lime Pie, од Google одлучија да го наречат KITKAT, по добропознатите чоколадни задоволства на Nestle. Се прашувам кој сега ќе може да му одолее на и онака неодоливиот оперативен систем Андроид, чија бројка на застапеност на мобилните уреди неодамна достигна 1 милијарда.


Информатика

Пред околу 10-ина години, Bram Cohen на светот му го претстави новиот протокол наречен BitTorrent. Итовремено го понуди првиот софтвер кој го користи овој протокол и кој имаше исто име како и самиот протокол – BitTorrent. Оттогаш, па наваму употребата на овој протокол стана секојдневие во планетарни рамки. Преземањето на разно-разни содржини стана лесно, едноставно и брзо.


Електроника

Во овој текст се разгледани стандардните изведби на излезните степени на аудиозасилувачите на моќност, поточно излезниот степен со трансформаторска спрега, излезниот степен со комплементарни излезни трансформатори и излезниот степен со квазикомплементарни транзистори. Ќе биде анализиран принципот на работа и ќе бидат дадени формулите за пресметка на корисната моќност и моќноста на дисипацијата.


Електроника

Приемникот прикажан во овој напис има карактеристики кои не се поинакви од т.н. "приемници за светски банд" од старите времиња, кои можат да примаат во еден единствен опсег долги, средни и куси бранови до околу 20 MHz sо амплитудна модулација. Таквите приемници вообичаено би биле натрупани со голем број транзистори, но овој приемник е дизајниран така што да биде колку е можно поедноставен за градба и поевтин. Во тоа е успеано благодарејќи на две современи интегрирани кола.


Аудио и видеотехника

Single Ended (SE) засилувачите се реткост, но не заради тоа што не можат супер да звучат. Всушност тие можат да произведат најслатка можна музика и се многу фалени од аудиофилите, но за да се направи добар SE засилувач, потребни се технички вештини и желба да се експериментира со меѓусебно усогласување на компонентите. SE засилувачот по правило се нагодува со уво, а не со машина, што има логика, бидејќи ќе го слуша уво, а не машина.


Информатика

Кон крајот на минатиот месец, компанијата Dell ја претстави новата серија ултратенки Inspiron laptop и all-in-One компјутери. Оваа нова, според производителот најтенка и најмоќна линија на Inspiron компјутери досега, се карактеризира со тенок дизајн и извонредно траење на батеријата.
Клучни зборови: Dell Inspirion, Intel Core 4th Gen processors, Intel Core 4-та генерација процесори, Inspirion 23 "сè во едно", Inspirion 23 All-In-One.


Аудио и видеотехника

Започнува нова ера на дигиталните видео формати и телевизискиот квалитет на слика. Се нарекуваат 4K Ultra HD и имаат поквалитетна слика, со подобар контраст, поживи бои, повеќе тонови... Поседувањето на овој телевизор во нашите дневни соби значи дека ќе се возиме на локомотивата на напредокот кон подобро аудио и визуелно доживување.


Информатика

Партиционирањето, репартиционирањето, делењето партиции или нивното спојување денеска се сосема рутински постапки. Но сепак, не е секој доволно вешт, искусен и упатен во тоа. Овој текст е наменет првенствено за таа категорија компјутерџии – за да ги упати во таа постапка и да им заштеди некој денар :)!


Психологија

Многумина мислат дека среќата се наоѓа во материјалните нешта и автентично веруваат дека би биле неспоредливо посреќни кога би имале подобри услови за живот, нов автомобил, поголема куќа, подобро платена работа... Сите ние очекуваме случувања кои ќе го изменат нашиот живот на подобро.


Медицина

Како да препознаете дека нивото на стрес врз вашиот организам е превисоко? Постојат ли некои скриени показатели кои ви го соопштуваат тоа и ве предупредуваат? Постојат, само честопати им ги припишувате на други болести или здравствени состојби, а не ги поврзувате со стресот. Прочитајте за да ги дознаете!


Макетарство и моделарство

По традиција, секоја година се одржува Светскиот куп во Прилеп во воздухопловно моделарство, во категориите на слободнолетачки модели Ф1А, Ф1Б, Ф1Ц и Ф-1-Х. Како минатата, така и оваа година организаторите отидоа два чекори напред, па во два дена се одржаа 2 светски купа.


Електротехника

Широкиот спектар за избор на разни типови електрични алати е препознатлив за компанијата MAKITA. Една реномирана компанија од ваков ранг секојдневно ги следи и ги применува новите технолошки решенија, па така на своите потрошувачи во секој момент им нуди врвен алат со високи преформанси. Во случајов ќе ви ја претставам дупчалката BHP459RFE, која користи посебен мотор без четкички, со што во голема мера се зголемуваат перформансите при работа.


Медицина

Во системот за варење протеините се разградуваат на аминокиселини кои се многу битни за целиот организам, од кожата до крвните клетки и имунолошкиот систем, од создавање хормони до невротрансмитери. Постојат 23 вида аминокиселини. Осум од нив се познати како есенцијални и мораат да се внесат преку исхраната. Останатите 15 вида ги произведува самиот организам и се нарекуваат неесенцијални аминокиселини.


Омнибус

Тркалачки лежишта за екстремни температури;
Галаксија со најгуста ѕвездена популација;
STABiLGo: моторизиран стабилизатор за GoPro камери;
Bay Trail – процесори за поевтини уреди;
На 27 септември Google го прослави својот 15-ти роденден;
Внимателно со парацетамолот;
5-ти роденден на Андроид;
GoPro Hero3+: Мало кутивче чија содржина нуди многу;
Интел и Google со нова линија на Chromebook и Chromebox;
Паметно студентско сместување;


Писма
Проблеми со VGA конекторот и плочката ППК1140
Зошто ми прегоре засилувачот со STK4038II?
Спецификации и избор на засилувачи и звучници