Рубрика: Астрономија и астронаутика
Енигмата на тунгуската експлозија разрешена?
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По повеќе од 100 год., енигмата за причината на тунгуската експлозија, којашто се случила во 1908 год., се чини, конечно е разрешена; таа била предизвикана од експлозија на метеор, а не од комета, како што тоа досега се претпоставуваше. Тоа во најново време го утврди една меѓународна група истражувачи врз основа на досега најпрецизна направена спектроскопска анализа на постоечките примероци од тлото на регионот на експлозијата.

Бројни научни експедиции долго време се обидувале да ја утврдат причината за експлозијата, но, тие не пронашле ниту кратер, ниту покрупни карпести сегменти од објектот којшто експлодирал, а коишто според експертите би морале да постојат по распаѓањето на едно такво цврсто тело. Единствено е пронајдено само мало количество многу ситен зрнест материјал, којшто асоцира на песок од распадната комета. Ова отсуство на кратер и остатоци од објектот којшто експлодирал отворило шпекулативни егзотични сценарија за настанот, кои вклучуваат антиматерија, НЛО и мини црна дупка. И додека научната фантастика лансира егзотични хипотези за објаснување на тунгуската експлозија, вистинската наука го редуцирала списокот на можните причини за експлозијата на само 2 верзиии: експлозија на комета или експлозија на астероид.

Клучни зборови:

Езерцето Чеко кое наликува на кратер од удар на астероид

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.